„Се вљубив во сопругот на насловна страница, не му се допаѓа тоа што јас го готвам“ - Лепа Брена открива детали од брачниот живот (видео)

Со оглед на тоа што Брена и Бобо се 31 година во брак, а 35 години заедно, Огњен ја праша и за тоа во што е тајната на нивната успешна врска, па таа одговори:

„Нашиот приватен живот е многу транспарентен. Ние немаме некои големи тајни.

Кога сме дома, јас не сум Лепа Брена, а тој не е светски познат тенисер. Јас сум домаќинка, мајка, иако, не сакам да работам некои домашни работи.

Ми се случува нешто да зготвам, но само кога Боба не е тука, затоа што нему не му се допаѓа тоа што готвам со вода, диетално, без сол, масло итн.

Од него научив многу работи да готвам. Ние сме еден брачен пар кој за време на неговото растење остана посветен на семејството“ – вели таа.

se-vljubiv-vo-soprugot-na-naslovna-strana-ne-mu-se-dopagja-toa-shto-jas-go-gotvam-lepa-brena-otkriva-detali-od-brachniot-zhivot-video-06.jpg

Многумина знаат дека Лепа Брена имала средба и со пророчицата Баба Ванѓа, а овојпат таа раскажа дека уште на 14 години некој непознат човек од Босна ѝ предвидел дека ќе биде позната како Тито и дека ќе биде многу успешна.

„Тој мене ми рече дека е болен човек и дека оди на сремски фронт, дека има шеќерна болест и ме замоли кога ќе станам славна да се сетам на него и да му запалам свеќа.

За мене тоа беше многу емотивен момент, кога сте дете не знаете судбината какви предизвици ви подготвува“ – вели таа.

se-vljubiv-vo-soprugot-na-naslovna-strana-ne-mu-se-dopagja-toa-shto-jas-go-gotvam-lepa-brena-otkriva-detali-od-brachniot-zhivot-video-05.jpg

За средбата со баба Ванѓа, открива дека се маскирала затоа што не сакала другите луѓе да ја познаат и да ја пуштат преку ред, но дека кога пророчицата ја видела веднаш ја препознала.

„Ми рече дека ќе се омажам за човек што носи бела униформа, а јас тогаш ѝ реков не, ова не е точно, но ќе ја испочитувам нејзината приказна.

Ми рече дека ќе направам куќа во која ќе бидат сите што пеат и свират и дека со години ќе го работам тоа и ми откри дека ќе имам само машки деца“ – вели Брена.

Погледнете дел од нејзиното гостување во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...

Најчитани неделава