Гласини за афера со 13 години постариот колега, родителите не ѝ дозволувале да глуми – Која е Сила Туркоглу, актерката од „Аманет“?

Сила за себе вели дека е личност што сака да се смее, да се забавува и да шири позитивна енергија каде и да оди, а никогаш не сака да молчи за неправдите.

Во една прилика таа рече дека бара маж што ќе биде чувствителен, љубезен и интелигентен, а очигледно тоа го нашла во нејзиниот колега со кого ги толкуваа главните улоги во серијата „Аманет“, Халил Ибрахим Џејхан.

glasini-deka-ima-afera-so-13-godini-postariot-kolega-roditelite-ne-i-dozvoluvale-da-glumi-koja-e-sila-turkoglu-akterkata-od-amanet-05.jpg

Халил е 13 години повозрасен од неа, а работи како актер, композитор, модел, пејач и важи за еден од најпосакуваните ергени во Турција.

Тој досега не бил во брак, а турските медиуми пишуваат дека актерот е во врска со Сила уште во периодот кога заедно работеле на серијата.

Доказот за ова го наоѓаат во огромната хемија што постои меѓу двајцата актери во филмот. 

Сила во една прилика говореше за работењето со Халил во серијата па рече дека тие добро се согласуваат и многу ретко имаат недоразбирања.

„Во основа ние сме полни со енергија и позитивни личности. Ако тој е нерасположен, јас сум тука да го насмеам и да му дадам повеќе енергија“ – рече таа.

glasini-deka-ima-afera-so-13-godini-postariot-kolega-roditelite-ne-i-dozvoluvale-da-glumi-koja-e-sila-turkoglu-akterkata-od-amanet-07.jpg

Нивната наводна врска привлекува внимание, па честопати папараците ги ловат ако заедно се појават на настани или ако таа оди во посета на неговиот дом.

Во ноември 2022-ра година, во турските медиуми се појавија информации дека Сила и Халил се венчале во тајност, но актерскиот пар ретко говори за својот приватен живот, а на нивните Инстаграм профили нема заеднички фотографии, ниту пак некогаш тие потврдиле дека навистина се во врска.

glasini-deka-ima-afera-so-13-godini-postariot-kolega-roditelite-ne-i-dozvoluvale-da-glumi-koja-e-sila-turkoglu-akterkata-od-amanet-04.jpg

Иако „Аманет“ ѝ донесе светска слава, па стана славна како на Балканот, така и во Јужна Америка, а Сила се одлучи во еден момент да си замине од серијата без да извести никого, па продуцентите морале набрзина да најдат друга актерка што ќе ја толкува нејзината улога.

Вели дека одлуката ја донела откако ѝ била понудена улога во друга серија со која сметала дека ќе може уште повеќе да напредува во кариерата.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...

Најчитани неделава