Ја оставил за „Шехерезад“ и ја натерал да абортира – Како изгледа првата сопруга на најпознатиот турски актер Халит Ергенч? (фото)

zaradi-sheherezad-i-pobaral-razvod-i-ja-nateral-da-abortira-kako-izgleda-prvata-sopruga-na-najpoznatiot-turski-akter-halit-ergench-foto-06.jpg

Актерот дури ѝ дал надомест на поранешната сопруга во износ од 250.000 турски лири или околу 12.000 евра за што е можно побрзо да ги потпише документите за развод.

Во една прилика, првата сопруга на Халит, Гизем Сојсалди говореше за нивниот брак кој траел околу 2 години, па рече дека со него се запознала на плажа во Фочи и дека веднаш се вљубила.

„Јадев риба на плажа во Фочи со една пријателка. Халит таму снимаше филм и беше со тимот од снимањето. Келнерот ни пријде и ни рече: ‘Девојки, Халит Ергенч и Халит Аби се овде и сакаат да ве запознаат’“ – се присети таа.

По ова тие седнале заедно на иста маса, а вели дека веднаш се вљубила во него, заради што по само еден месец одлучиле да стапат во брак.

zaradi-sheherezad-i-pobaral-razvod-i-ja-nateral-da-abortira-kako-izgleda-prvata-sopruga-na-najpoznatiot-turski-akter-halit-ergench-foto-05.jpg

Гизем претходно дипломирала политички науки, но заради бракот со Халит одлучила да ги одложи сопствените соништа.

Таа се откажала од патувањето во САД и од сонот да стане актерка, а во тоа време нејзиниот сопруг имал толку многу исполнет распоред со ангажмани, што понекогаш немале ниту 10 минути слободни за да се видат.

Таа вели дека сосема неочекувано, тој еден ден дошол и ѝ соопштил дека сака развод, па ѝ рекол дека не сака дете со неа и ја поттикнал да оди да абортира.

„Не сакав да родам дете во таква средина“ – вели таа и додава дека парите што ги добила како надоместок никогаш нема да ја залечат болката што тој ѝ ја нанел.

Таа денес е во брак со режисерот Хусеин Карабеј (52) со кого има син.

Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава