Бака Прасе не ги крие своите емоции за девојката: „Знам дека со неа ќе го поминам целиот живот“

„Знам дека таа е вистинската. Јас се помирив со тоа“ – рече Бака Прасе за својата девојка, инфлуенсерката Ања Бла. Таа објави нови фотографии во одговор на неговите емотивни зборови што масовно се споделуваат на социјалните мрежи.

baka-prase-ne-gi-krie-svoite-emocii-za-devojkata-znam-deka-so-nea-kje-go-pominam-celiot-zhivot-01.jpg

Најпознатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе неодамна изјави дека е сигурен оти со неговата девојка Ања Бла ќе го помине целиот живот. Емотивните зборови што тој ги упати до неа, брзо се проширија на социјалните мрежи.

baka-prase-ne-gi-krie-svoite-emocii-za-devojkata-znam-deka-so-nea-kje-go-pominam-celiot-zhivot-04.jpg

Откако минатата година раскинаа и беа разделени околу 1 година, Бака Прасе и Ања Бла на почетокот на 2023-та година одлучија да ѝ дадат нова шанса на врската, а неодамна нему му беше поставено прашање за тоа кога планира да се ожени со неа.

„Ма знам брате дека таа е вистинската. Јас се помирив со тоа, знам дека со неа ќе го поминам остатокот од својот живот, тоа мене ми е јасно и драго ми е заради тоа“ – рече јутјуберот во емотивната видео снимка што се најде на ТикТок.

@ticulicadzouuns ona sija bre covece #bakaprase #bakapraseflex #anjablaa #balkan #fypシ #foryou #viral ♬ kao kokain - ????????™

По овие емотивни зборови, Ања одлучи да му одговори така што објави две нивни заеднички фотографии на Инстаграм до кои напиша: „Љубов“.

baka-prase-ne-gi-krie-svoite-emocii-za-devojkata-znam-deka-so-nea-kje-go-pominam-celiot-zhivot-02.jpg

За потсетување, во јануари годинава Бака Прасе приреди романтична вечера и со прстен од 6.900 евра ѝ предложи на Ања да се смират. Како што рече тогаш, тој прстен е знак на неговата посветеност и откри дека се надева оти еден ден ќе имаат пет деца заедно.

baka-prase-ne-gi-krie-svoite-emocii-za-devojkata-znam-deka-so-nea-kje-go-pominam-celiot-zhivot-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ања Бла ужива во Истанбул, откако му го запалија џипот на Бака Прасе, а новата девојка го фали јавно И додека Ања Бла, по 26-тиот роденден, замина во Истанбул со другарка, Бака Прас...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава