Понежните половини на браќата од Некст Тајм (фото)

Стефан Филиповски повторно е во Виена со својата сакана Тинеа со која неколку години е во врска, а пак Мартин Филиповски е свршен со ракометарката Андреа од септември 2022-ра, а во љубовта уживаат повеќе од 8 години.

ponezhnite-polovini-na-brakjata-od-nekst-tajm-01.jpg

Браќата Стефан и Мартин Филиповски, познати како дуото Некст Тајм, години наназад вредно работат на македонската музичка сцена, а круна на тоа им беше неодамнешната турнеја низ Австралија.

Но, браќата никогаш не го запоставуваат ниту приватниот живот, па секогаш се вистински романтичари кога станува збор за нивните понежни половини.

Стефан е во врска со девојка која на Инстаграм е потпишана како Тинеа, а омилена дестинација им е Виена, од каде и периодов објавуваат заеднички фотографии.

Стефан почна да става фотографии со својата сакана на Инстаграм од средината на 2021-ва година.

Мартин, пак, долги години е во врска со ракометарката Андреа.

Парот е заедно од 2015 година, барем според фотографиите на Инстаграм, а во септември 2022-ра Мартин ја запроси својата сакана.

Стефан Филиповски со саканата

На следната страница фотографии од Мартин Филиповски со свршеницата...



Би можело да ве интересира:

Есенска идила во Скопје и Градски парк, низ објективот на инстаграмџиите Паднати лисја и безброј нијанси на портокалово и жолто – како изгледаат Скопје и...
5 кул кафулиња со графити во Скопје Има нешто посебно во експлозијата од бои на графитите во Среќа Бар Фуд, зарем не...
10 Maкедонки кои не нè оставаат рамнодушни во бикини издание Од специфични монокини до минималистички бикини, овие Македонки оставаат впечато...
На кафе и дневен весник во Sinatra Specialty Coffee: Уникатен локал во срцето на Скопје Ако сакате да го разлистате дневниот весник додека го пиете утринското кафе, как...
Убави, згодни и со долги нозе - Кои се највисоките познати Македонки? Од Тијана Дапчевиќ и Катарина Ивановска, до Натали Грубовиќ и Светлана Црнокрак....
Од вештерки до страшни тиквички: Maските на дечињата од Македонија за „Halloween“ (фото) Дечињата на Сара Мејс и Димитар Атанасовски ги видовме маскирани како вештерка и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg