Давид Темелков со нови свадбени фотки и порака до својата сопруга: „Ти беше тука и кога многумина би си откажале“

„Низ порази и победи, низ милости и немилости, еве нè, пред Бога рековме „да“! Беше тука и кога многумина би се откажале, но ти не, тука си...“ – пејачот Давид Темелков ги објави официјални фотографии од свадбата со хрватската водителка Елена Јунг и ѝ посвети емотивна објава.

david-temelkov-so-emotivna-poraka-do-svojata-sopruga-hrvatkata-elena-jung-ti-beshe-tuka-i-koga-mnogumina-bi-si-otkazhale-01.jpg

Минатиот викенд (10/11.06), нашиот пејач Давид Темелков стапи во брак со хрватската водителка Елена Јунг, со која е во врска од 2015-та година.

david-temelkov-so-emotivna-poraka-do-svojata-sopruga-hrvatkata-elena-jung-ti-beshe-tuka-i-koga-mnogumina-bi-si-otkazhale-02.jpg

Неколку дена подоцна Давид ги објави првите официјални фотографии од свадбата, а до нив на македонски и на хрватски јазик упати емотивна порака до својата сакана:

„Од денес љубовта го носи твоето име...

Низ порази и победи, низ милости и немилости, еве нè, пред Бога рековме „да“!

Малата водњанка и лудиот скопјанец, оган и вода велат нè оди, се додека не нè видат.

Да ти кажам „Фала за сè“, малку е.

Беше тука и кога многумина би се откажале, но ти не, тука си...

Кога ќе се навратам наназад, многу поминавме и не ми е сеедно додека го пишувам ова... Животот пишува чудни приказни, па и оваа нашава ја пишува со некој чуден ракопис.. Нека пишува, ние ќе читаме.. Засекогаш.“

Давид и Елена стапија брак во црквата „Света Богородица во Скопје, а за време на забавата присутните ги забавуваа Анета и групата „Молика“.

Фото-студиото задолжено за овековечување на свадбата објави видео на својот Инстаграм профил, каде се доловени некои од највпечатливите моменти, а исто така видео е објавено и на официјалниот Инстаграм профил на ресторанот каде што се одржала свадбата.

Погледнете ги видеата во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...
Сања Николиќ и синот играат - Слаткар ги снима, Елена Велевска во подморница во Охрид: Што прават на... Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа в...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава