Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Германскиот ракометар Кристијан Дисингер се ожени со Македонка (фото)

По 3 години врска и една година по свршувачката, која се случи минатото лето во Грција, успешниот германски ракометар стапи во брак со струмичанката Марија Андоновска.

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-se-ozheni-so-makedonka-foto-01.jpg

Кристијан Дисингер е германски ракометар кој додека играше за нашиот ракометен клуб РК Вардар и живееше во Македонија се вљуби во убавата Марија Андоновска. Марија потекнува од Струмица и по професија е архитект.

По околу 3 години врска, во јуни 2022 на нивниот одмор во Ханиоти, Грција, тој ја запроси токму на нејзиниот роденден, а вчера (23.06.2023) парот стапи во брак.

Марија носеше кратко бело фустанче, а кум им беше рускиот ракометар Тимур Дибиров.

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-se-ozheni-so-makedonka-foto-05.jpg

Нејзината сестра близначка Душица Андоновска е во брак со хрватскиот ракометар Игор Карачиќ, исто така некогашен играч на Вардар.

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-se-ozheni-so-makedonka-foto-06.jpg

Погледнете фотографии од свадбата на Марија и Кристијан Дисингер:

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-se-ozheni-so-makedonka-foto-07.jpg

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-se-ozheni-so-makedonka-foto-04.jpg

germanskiot-rakometar-kristijan-disinger-se-ozheni-so-makedonka-foto-02.jpg

На следната страница повеќе фотографии од парот...



Би можело да ве интересира:

Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка со емотивни стихови за Маршот за ангелите: „Кочанските мајки и татковци во црно завиени, с... Стихови посветени на родителите на децата загинати во Кочани. Тие вчера го изоде...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на сакани... „Пред 3 години, почнав на најблиските за секој роденден и празник да им подарува...
Македонка со драстична трансформација: Како изгледав и живеев на 35 години vs. на 50? „Ова е Гоца на свои 35 години - работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg