Кристијан од Штип ја запроси саканата во Штутгарт: „Пред 8 години не ни успеа, сега се споивме пак и ја запросив по 6 месеци врска“
- Детали
- петок, 30 јануари 2026
„Пред точно 8 години започна нашата љубов како тинејџери, но не траеше долго. Сeга судбината нè спои повторно. Официјално заедно сме неполни 6 месеци, но она е таа со која сакам да го поминам целиот свој живот“ – вели за CRNOBELO.com Кристијан од Штип кој ја запроси саканата Ивона од Кичево во Штутгарт.

Кристијан Николов (27) од Штип има завршено музичко во Штип и е музичар, а неговата девојка Ивона Ристоска (25) од Кичево е на студии во Штип и исто така, се занимава со музика.
Тие имаат интересна љубовна приказна, која сега ќе биде крунисана со брак, откако Кристијан пред неколку дена ја запроси саканата на патување во Штутгарт, Германија.

Имале неуспешна врска во тинејџерскиот период, а по 8 години, повторно ја обновиле и се неполни 6 месеци заедно.
Кристијан за CRNOBELO.com раскажува детали за запросувањето:
„Пред точно 8 години започна нашата љубов како тинејџери, но не траеше долго.
Не се разделивме со лошо, останавме во добар однос, но секако секој по свој пат, па ете сега после 8 години, судбината нè спои повторно.

Официјално заедно сме кратко, неполни 6 месеци, но се чувствуваме како да сме цел живот заедно.
По тоа осетив дека не ми е потребно многу време за да сфатам дека она е таа со која сакам да го поминам целиот свој живот.

Запросувањето се случи на 27.01.2026 година, во строгиот центар на Штутгарт, Германија.
Веќе некое време планиравме да отидеме на прошетка да посетиме блиски роднини во Штутгарт, воедно така испадна и да се организираме за запросувањето.
Помош имав од брат ми и снаа ми, меѓутоа целата организација и место ги одбрав сам, и очекувањата ми се исполнија.
