Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во години
- Детали
- недела, 15 март 2026
Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4 децении помлада од него. Кои други парови кај нас и во регионот се долго во љубов и покрај големата разлика во години?

Љубовта не познава граници, ниту разлика во години.
А доказ за тоа се и познатите парови од Македонија и регионот, меѓу кои има и такви кои се со една деценија разлика, но и некои чија разлика во години е над три децении.
Кои парови кај нас и во регионот се долго време заедно и покрај големата разлика во години?
Вело и Евгенија Марковски
Нашиот истакнат инфектолог Вело Марковски е роден во мај 1958 година во Велешко и наскоро ќе полни 68 години.
Неговата сопруга Евгенија е помала 35 години од него - таа во декември 2025 наполни 32 години. Парот има две деца.


Бојана и Васко Скендеровски
Пејачката Бојана Скендеровски е 13 години помлада од сопругот Васко со кого има две деца.
Таа неодамна наполни 42 години и роденденот го прослави во Милано, а неколку недели претходно нејзиниот сопруг го прослави својот 55-ти роденден.


Гоца Тржан и Раша Новковиќ
Гоца Тржан (51) е 14 години постара од сопругот Раша Новковиќ, кој свири на тапани во нејзиниот бенд.
Парот во 2025 прослави десет години во брак.


