Историски миг за восхит: Првпат во Македонија органи од еден донор спасија четири животи

„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези“, велат од Министерството за здравство за историскиот миг во македонското здравство.

organite-od-eden-donor-spasija-4-zhivoti-gest-koj-ja-sploti-makedonija-01.jpg

Министерството за здравство предизвика лавина позитивни реакции кога сподели нова вест за хуманоста на едно семејство која е за восхит.

Тие велат дека утрово (20.07) во Скопје се направени 4 операции со органи од еден донор, со кои се спасени 4 човечки животи.

organite-od-eden-donor-spasija-4-zhivoti-gest-koj-ja-sploti-makedonija-04.jpg

Тие се заблагодарија на семејството, кое во најтешките моменти за нив покажа несебичност:

„За првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје.

Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези.

Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

organite-od-eden-donor-spasija-4-zhivoti-gest-koj-ja-sploti-makedonija-05.jpg

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и сè уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.

На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство“, стои во пораката на Министерството.

organite-od-eden-donor-spasija-4-zhivoti-gest-koj-ja-sploti-makedonija-02.jpg

Овој хуман гест уште еднаш ги разбуди емоциите меѓу Македонците. Тие не кријат колку се восхитуваат на несебичноста на семејството.

Велат дека тие треба да се горди, бидејќи спасиле не 1 туку 4 животи, а на овој начин и нивниот близок ќе продолжи да живее преку луѓето чии животи ги спасил.

organite-od-eden-donor-spasija-4-zhivoti-gest-koj-ja-sploti-makedonija-03.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Министерство за здравство

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава