Катарина Ивановска е Девица, Лила е Вага - Што се во хороскоп познатите личности од Македонија и со кој/а имате ист хороскопски знак?

Лав

Припадниците на овој знак важат за смели, храбри и дарежливи луѓе. 

Лавовите се родени говорници, тие се комуникативни, отворени и многу пристапни. 

Освен што се отворени, често се и многу суетни и тврдоглави.

Сакаат да бидат најдобри во сè, па зависта не им е непознат поим. 

Сакаат да бидат во центарот на вниманието и се родени лидери. 

Тие се театрални и драматични, па затоа се и шармантни и самоуверени во љубовта. 

Во знакот Лав се родени:

Музичарот Панчо од „ДНК“ кој е роден на 29-ти јули, Марко Маринковиќ Слаткар е роден на 15-ти август, додека актерката Катерина Шехтанска роденден слави на 19-ти август.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-05_copy.jpg

Девица

Девиците се аналитични и љубопитни луѓе кои, сепак, добро размислуваат пред да реагираат.

Најчесто се воздржани и повлечени, па никогаш не го имаат главниот збор во општеството. 

Тие се ненаметливи и срамежливи, па често делуваат ладно или рамнодушно.

Сепак, тие се многу вредни, одговорни и прецизни во својата работа.

Не ги интересира пофалбата, туку задоволството од завршената задача. 

Во љубовта им треба многу време да се опуштат и да ги покажат своите вистински чувства. 

Родени во знакот на Девица се:

Водителката Бубе Јаневска родена на 23-ти август, фолк-пеајчката Сузана Спасовска родена на 24-ти август, манекенката Катарина Ивановска родена на 25-ти август, водителот Димитар Атанасовски роден на 1-ви септември, пејачот Димитар Андоновски роден на 6-ти септември, и Стефан и Мартин од „Некст тајм“ кои се родени на 20-ти септември.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-07.jpg

Вага

Вагите се привлечни, убави и шармантни личности кои сакаат да бидат опкружени со убави луѓе и работи. 

Тие се исклучително социјални и имаат многу пријатели. 

Вагите се познати како неодлучни луѓе кои никогаш не можат лесно да донесат одлука.

Сакаат луксуз, па се подготвени да работат до исцрпеност за да го добијат. 

Тие се или целосно вредни или целосно мрзеливи. 

Најважната работа на светот им е љубовта.

Тие не знаат како да функционираат без партнер, па често остануваат во лоши врски само поради стравот од осаменост. 

Македонски познати личности родени во знакот Вага се:

Актерот Игор Ангелов е роден на 1-ви октомври, ракометарката Индира Кастратовиќ која е родена на 2-ри октомври, водителката Лила Филиповка и пејачот Елвир Мекиќ се родени на ист ден - 15-ти октомври, пејачот Даниел Кајмакоски е роден на 17-ти октомври и пејачката Сара Мејс и актерката Јелена Јованова кои се родени на ист ден - 21-ви октомври.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-08.jpg

Скорпија

Тоа се силни луѓе кои можат да се издигнат над сите проблеми. 

Перцептивни се, интелигентни и имаат одлични инстинкти за социјални односи.

Понекогаш изгледаат резервирано и мистериозно, но ако се опуштат ќе препознаете дека се духовити, шармантни и интелигентни. 

Во бизнисот, овие знаци се исклучително успешни, смели и подготвени за ризични потези. 

Во овој знак родендени слават:

Водителот Марко Марк кој е роден на 24-ти октомври, ракометарот Борко Ристовски роден на 2-ри ноември, презентерката на вести Татјана Стојановска е родена на 13-ти ноември, водителката и инфлуенсерка Мелита Ракикевиќ е родена на 14-ти ноември, а пејачот Ламбе Алабаковски е роден на 15-ти ноември.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-09.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава