Катарина Ивановска е Девица, Лила е Вага - Што се во хороскоп познатите личности од Македонија и со кој/а имате ист хороскопски знак?

Стрелец

Стрелците се весели, добронамерни и пристапни луѓе кои имаат широки погледи на светот.

Тие се весели и срдечни, па често се популарни во околината. 

Во љубовта се ентузијасти и постојано го бараат идеалниот партнер, па често се непромислени и импулсивни. 

Што се однесува до работата, тие се убедливи, добри говорници и одлични преговарачи. 

Стрелци меѓу популарните личности од Македонија се:

Актерот Сашко Коцев кој е роден на 28-ми ноември, пејачката Андријана Јаневска родена на 6-ти декември и фолк-пејачката Сузана Гавазова родена на 21-ви декември.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-10.jpg

Јарец

Интелигенцијата, способноста и амбициозноста се нивните главни карактеристики. 

За да се среќни им треба да бидат исполнети, па задоволни се само кога ќе им се реши семејната и деловната ситуација.

Во љубовта тие се воздржани, претпазливи и несигурни, па тешко им е да се опуштат пред другите. 

Јарците се родени лидери, па често имаат високи барања од другите вработени.

Тие се организирани, одговорни и вистински примери на вредни работници. 

Актерката Емра Куртишова, која слави роденден на 30-декември, е родена во знакот на Јарец.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-11.jpg

Водолија

Водолиите се отворени, весели и друштвени и тешко поднесуваат досада.

Обожаваат да запознаваат нови луѓе, работи и места. 

Тие не се љубоморни или завидливи, но ги ценат храбрите луѓе.

Со оглед на тоа дека најчесто имаат бурен социјален живот, потребен им е партнер кој нема да ги оптоварува со љубоморни испади. 

Делуваат студено и себично и често се фокусирани само на сопствените потреби.

Не сакаат авторитет или ограничувачки слободи.

Тие се енергични, упорни и тврдоглави во работата и животот.

Во знакот Водолија се родени:

Водителката Спасија Груевска родена на 2-ри февруари, пејачката Тијана Дапчевиќ која слави роденден на 3-ти февруари и пејачот Адријан Гаџа, кој е роден на 13-ти февруари.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-12.jpg

Риби

Луѓето родени во знакот Риби се симбол на сè што е скриено и потсвесно во нас. 

Тие се исклучително емотивни, сочувствителни и имагинативни. 

Рибите се непоправливи романтичари и не можат да живеат без љубов. 

Можат да бидат посесивни и љубоморни, но и склони кон неверство.

Тие се уметнички души, креативни и со голема фантазија и најдобро се снаоѓаат на такви работни места.

Риби во хороскоп се:

Манекенката Дунавка Трифуновска која е родена на 25-ти февруари, актерот Васил Зафирчев роден на 28-ми февруари, водителката Сузана Турунџиева е родена на 9-ти март, актерката и водителка Весна Петрушевска родена на 10-ти март и писателката и водителка Ана Јовковска, која е родена на 19-март.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-13.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава