Катарина Ивановска е Девица, Лила е Вага - Што се во хороскоп познатите личности од Македонија и со кој/а имате ист хороскопски знак?

Панчо од ДНК во хороскоп е Лав, Јелена Јованова е Вага, Борко Ристовски е Скорпија, а Сашко Коцев е Стрелец. Дали аналитичноста и љубопитноста ви се силна страна како на Катарина Ивановска, дали сте лојална и стабилна како Елена Ристеска, или шармантен и самоуверен како Слаткар? Без оглед во кој хороскопски знак сте родени, прочитајте со кои познати личности од Македонија имате слични особини и навики.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-01_copy_copy.jpg

Најлесен начин да дознаете кои слични карактеристики ги имате со некоја позната личност е одговорот да го побарате во ѕвездите.

Дали некогаш сте се запрашале кој од познатите личности во Македонија е роден во вашиот хороскопски знак? Пронајдете го вашиот знак и прочитајте: 

Овен

Овните имаат огнен елемент и познати се по својата енергија и темперамент.

Тие се силни, амбициозни и крајно нестрпливи луѓе, кои сакаат сè веднаш. Понекогаш може да изгледаат како деца поради нивните големи амбиции и желби.

Тие се искрени и отворени и воопшто не се срамат да го кажат своето мислење. 

Исклучително се комуникативни и секогаш имаат голем круг на луѓе околу себе. 

Сакаат да бидат гласни во друштво, имаат многу идеи, креативни се и точно знаат што сакаат. 

Во љубовта се отворени, директни и сакаат да преземаат иницијатива.

Најчесто се многу привлечни и физичкиот изглед им е многу важен. 

Виолинистот Илија Филиповски, познат како Иле Маестро е роден на 4-ти април и во хороскоп е Овен.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-02.jpg

Бик

Луѓето родени во знакот Бик се многу сензуални, конзервативни и понекогаш тврдоглави.

Тие се грижат за своите сакани, па затоа луѓето родени во овој знак се одлични родители.

Одлични се снаоѓаат со финасиите, како и во штедењето.

Биковите се лојални и тешко прифаќаат големи промени. 

Исто така се лојални и сигурни во љубовта.

Познати личности од Македонија родени во знакот Бик се:

Актерката Јелена Жугиќ која е родена на 20-ти април, пејачката Елена Ристеска е родена на 27-ми април, пејачката Маја Саздановска е родена на 13-ти мај, а фолк-пејачот Марјан Коцев е роден на 20-ти мај.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-03_copy.jpg

Близнаци

Близнаците се љубопитни и комуникативни.

Тешко ја поднесуваат монотонијата бидејќи се исклучително социјални и забавни.

Сакаат интелигентни луѓе околу себе, особено оние со кои можат да разговараат на многу теми. 

Никогаш не мируваат, па често си наоѓаат разни хобија.

Близнаците многу сакаат да флертуваат, дури и кога се во врска. 

Доколку најдат личност со која можат да се сретнат на интелектуално ниво, ќе бидат лојални и толерантни.

Познати личности родени во знакот на Близнаци се:

Пејачот и композитор Јован Јованов кој е роден на 27-ми мај, водителката и пејачка Адријана Алачки е родена на 5-ти јуни, а водителката Јелена Богојевиќ е родена на 18-ти јуни.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-04.jpg

Рак

Припадниците на овој знак се многу емотивни, сочувствителни и внимателни, а нивната главна карактеристика е што сакаат да се грижат за луѓето околу нив.

Често се срамежливи и ги кријат своите емоции за да не бидат повредени.

Кога сакаат, сакаат со целото свое срце. 

Тие се нежни, внимателни и исклучително трпеливи, па во име на љубовта ќе страдаат многу. 

Раковите се вредни и ненаметливи и затоа се одлични луѓе за тимска работа. 

Во знакот на Рак се родени:

Пејачката Дани Димитровска која е родена на 4-ти јуни, водителката Сања Савеска е родена на 23-ти јуни, водителката Ирена Спировска е родена на 25-ти јуни, водителката Александра Пановска Илиевска е родена на 6-ти јули, а на истиот ден е родена и пејачката Јана Бурческа. На 25-ти јули е родена и пејачката Анета (Молика) Љумаковска.

sto-se-vo-horoskop-poznatte-licnosti-od-makedonija-so-koj-imate-ist-horoskopski-znak-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава