Каде се и што прават денес членовите на легендарната група „Студени нозе“?

„Како кучето мое“, „Нејќу колор телевизор“, „Маријана“ на бендот „Студени нозе“, беа некои од најголемите хитови што постојано се вртеа на радио и на телевизија. Каде се и како изгледаат денес членовите на познатата македонска група?

kade-se-i-shto-pravat-denes-chlenovite-na-studeni-noze-01_copy.jpg

Групата „Студени нозе“ во 90-тите години беше една од најпознатите на македонската музичка сцена, а беше составена од тројца членови: Никола Николов Сури, Ивица Стојановски ФИЦ и Леонид Голчев – Пес.

kade-se-i-shto-pravat-denes-chlenovite-na-studeni-noze-02.jpgНикола Николов Сури и Ивица Стојановски ФИЦ

kade-se-i-shto-pravat-denes-chlenovite-na-studeni-noze-03.jpgЛео Голчев - Пес

„Студени нозе“ не постојат повеќе од 20 години, но нивните песни се пеат и до ден-денес. Речиси и да нема некој што не ги знае стиховите од нивните најпознати хитови.

Каде се денес и што прават членовите на популарниот македонски бенд?

Никола Сури Николов сè уште важи за една од најпознатите личности низ Скопје, иако долги години наназад веќе не објавува песни и не креира нова музика.

Тој понекогаш објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи.

Ивица Стојановски ФИЦ, пак од друга страна, самиот за себе вели дека доста музички созреал во изминативе години, па се преориентирал кон блуз музиката.

Минатата година објави нов спот заедно својот бенд The Invisibles, а на неговиот YouTube канал редовно објавува видео снимки од неговите концерти и песни.

Лео Голчев, пак, од друга страна целосно се преориентира кон електронската, транс музика, па денес објавува свои траки под името Tengri, а материјалот го објавува заедно со продуцентската куќа Parvati Records.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Лила Филиповска роденденски со мајка си (81), Пајак скокаше по крстот: Што прават македонските ѕвезд... Лила Филиповска позира со мајка си и емотивно вели: „Таа е од оние мајки кога ќе...
Тамара Тодевска и Тијана во Маврово без грам шминка, Сања Ристиќ ја пее „Ех, тој Тоше“: Што прават н... Се сеќавате ли на девојчето што ни ја отпеа „Ех, тој Тоше“? Денес е прекрасна же...
Kaролина Гочева блеска на одмор, Антониа Гиговска во бикини на настап: Што прават македонските ѕвезд... Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на о...
Викторија Лоба во полутанга бикини во Тајланд, Јана Серафимова во Дубаи: Што прават нашите ѕвезди де... Влатко Лозаноски сподели фотографија од синот Марко oд прославата на слават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg