Славчо Попоски, метеоролог: „Очекуваме натпросечно топло време до крајот на оваа зима“

„Овој викенд температурите ќе бидат натпросечно високи, но ќе дува и силен ветер од јужен правец. Од Сахара, кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој го очекуваме ќе биде валкан“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-ochekuvame-natprosechno-toplo-vreme-do-krajot-na-ovaa-zima-01.jpg

Поради температурата, деновиве имаме вистинска пролет во февруари, а според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, топлото време може да потрае и до самиот крај на зимата, со повремени заладувања.

Претходно се очекуваше снег во февруари, но новите анализи покажуваат дека најверојатно нема да има врнежи. Напротив, ќе имаме натпросечно високи температури во текот на целиот месец.

Прогнозата на Славчо Попоски во продолжение:

„Феноменот 'Ел Нињо' под чие влијание сме во моментов и истиот носи потопло време, ни донесе вистинска пролет во февруари, во срцето на зимата, а тој ќе продолжи сè до крајот на летото или почетокот на есента, кога ни започнува ладниот феномен 'Ла Ниња'.

Во врска со снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, засега нема никакви најави за снег, дури и во втората половина од овој месец.

Барем според моменталните набљудувања и следења, шансите за снег се многу мали кај нас, како и во поголемиот дел од европскиот континент. 


Во март очекуваме повремени заладувања на времето кои би можеле да донесат снег. Но, генерално очекуваме натпросечно топло време сè до крајот на оваа зима, без некои екстремни студови.

slavcho-poposki-meteorolog-ochekuvame-natprosechno-toplo-vreme-do-krajot-na-ovaa-zima-02.jpg

Температурите особено по 10 февруари, односно од овој викенд ќе бидат натпросечно високи, што значи дека влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период.

Овој викенд ќе дува и силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 km/h). Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој го очекуваме ќе биде валкан.

Сепак, и покрај оваа голема промена на времето, температурите, како што кажавме, ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени.

Oваа промена лошо ќе влијае особено кај метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми
.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук; freepik.com

Би можело да ве интересира:

На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се сним... „Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, б...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...

Најчитани неделава