Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки
- Детали
- недела, 07 април 2024
Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоубизнисот. Како изгледаат ќерките на познатите дами од Македонија?
Многу е нормално ќерките да личат на своите мајки, а понекогаш сличноста е толку голема што ќе се запрашате која е мајка, а која е ќерка.
Освен што изгледаат слично, многу познати ќерки и нивните мајки имаат иста професија.
Во продолжение ви ги претставуваме некои од нашите познати дами и нивните ќерки. Некои се занимаваат со јавна професија, а некои не сакаат да се експонираат во јавност.
Светлана и Моника Црнокрак
Пред 25 години на 13 декември една од најубавите жени во Македонија, Светлана Црнокрак и нејзиниот сопруг Мики Црнокрак ја добија првата ќерка, Моника.
Моника освен убавината, од мама, но и од тато ги наследи талентот и љубовта кон модата.
Таа тргна по нивните стапки и веќе може да се пофали со големи успеси и награди.
фото: Фејсбук
Сузана и Лора Турунџиеви
Од бракот со пливачот Александар Маленко, водителката и пејачка Сузана Турунџиева ја доби ќерката Лора.
На 2 март годинава Лора наполни 24 години.
Пред 5 години Лора стана мајка на малиот Јаков, а Сузе доби нова животна улога - баба.
Хелена Роза и Кјара Голја
Некогашната водителка, атрактивната Хелена Роза од бракот со адвокатот Арбен Голја, ја има ќерката Кјара која има 25 години.
Кјара е инфлуенсерка од светски ранг, а на нејзината убавина никој не може да остане рамнодушен.