Се слави Голема Богородица – Заштитничка на бремените жени, мајките, но и на рударите

На Голема Богородица традиционално се прават собири низ повеќе македонски градови и населени места, а рударите денес организираат прослави и го слават својот ден. Какво значење има празникот Голема Богородица и како вообичаено се прославува?

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-01.jpg

На 28-ми август секоја година, традиционално православните христијани го слават празникот Успение на пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица.

На денешен ден именден празнуваат Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Овој празник се смета за еден од 12-те најголеми христијански празници и заради тоа кај нас е прогласен и за неработен ден за граѓаните од христијанска вероисповед.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-02.jpg

Овој е најголемиот од неколкуте празници кои се посветени на мајката на Исус Христос, а на денешен ден се слави смртта на Марија и нејзиното воскреснување. Впрочем и самиот збор „успение“ значи искачување.

На фреските празникот најчесто ја прикажува Богородица на смртната постела, опкружена од Апостолите и Исус кој во раце го држи нејзиниот дух во форма на новороденче.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-03.jpg

Со оглед на тоа што постои особена почит кај верниците кон мајката божја, овој празник во многу градови во државата се прославува со големи народни собири.

Според народните верувања Богородица е заштитничка на мајките на новороденчиња и им помага на жените при породувањето.

Исто така, голем број жени кои немаат деца, веруваат дека молитвата кон мајката Божја ќе им помогне, па затоа на денешен ден ги посетуваат црквите и манастирите посветени на неа.

Исто така, се смета дека Богородица е заштитничка на рударите, па на овој ден македонските рудари традиционално организираат прослави и собири.

На овој празник му претходи двонеделен пост, кој започна со празниците познати и како Макавеи во народот.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-05.jpg

На овој празник, домаќинките во голем број македонски градови традиционално прават празнична погача, се верува дека на овој ден не треба да се работи, а задолжително треба да се оди во црква и да се запали свеќа за здравје.

Исто така, голем број верници на денешен ден носат дарови во црквите, како зејтин, облека и други предмети.

Инаку, Пресвета Богородица се смета за заштитничка на градот Скопје. По тој повод во текот на денешниот ден ќе има собири во црквите на Матка и во центарот на градот.

А народни собири има и во повеќе други градови, како Лешочкиот манастир во Тетово, во Берово, како и во голем број други македонски градови.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-04_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Викторија Лоба во полутанга бикини во Тајланд, Јана Серафимова во Дубаи: Што прават нашите ѕвезди де... Влатко Лозаноски сподели фотографија од синот Марко oд прославата на слават...
Игор Џамбазов и Ива Спасовска на ручек во Дојран, Пaвле Камилоски со сестрите на јахта: Што прават н... Aктерот Никола Ристески со саканата, Едина Муса го покажа тенкиот струк по пород...
Тамара Тодевска и Тијана во Маврово без грам шминка, Сања Ристиќ ја пее „Ех, тој Тоше“: Што прават н... Се сеќавате ли на девојчето што ни ја отпеа „Ех, тој Тоше“? Денес е прекрасна же...
Елена Ристеска во каубојски аутфит, Татјана Лазаревска и Новица вљубени во Будва: Што прават нашите ... Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите ужива еден месец во Македонија,...
Kaролина Гочева блеска на одмор, Антониа Гиговска во бикини на настап: Што прават македонските ѕвезд... Maртија Станојковиќ со бикини наопаку трендот блеска на плажа, Toше Зафиров на о...

Најчитани неделава