Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив во него“

„Почнав секоја година да доаѓам на Миконос бидејќи на овој остров се чувствувам слободна и своја“, споделува Наташа Фигурела за CRNOBELO.com, која ќе престојува на Миконос до крајот на септември.

natasha-figurela-celo-leto-e-na-grchki-ostrov-prvpat-dojdov-na-mikonos-vo-2004-godina-i-se-zaljubiv-vo-nego-01.jpg

Наташа Петровска, сопственичка на студиото „Фигурела“, цело лето го помина на грчкиот остров Миконос.

Атрактивната русокоса за CRNOBELO.com вели дека одлучила годинава да замине таму на долг одмор, слично како и претходните години, бидејќи ова место одлично ѝ годи на нејзиниот темперамент.

natasha-figurela-celo-leto-e-na-grchki-ostrov-prvpat-dojdov-na-mikonos-vo-2004-godina-i-se-zaljubiv-vo-nego-02.jpg

Од сончање и релаксација на плажа до денски забави во некои од најпознатите локали таму, Наташа дефинитивно мина лето за паметење.

Тренди наметки, фустани со отсечоци, различни модели на очила за сонце, таа секој ден ги прикажуваше своите модни комбинации од Миконос на Инстаграм.

natasha-figurela-celo-leto-e-na-grchki-ostrov-prvpat-dojdov-na-mikonos-vo-2004-godina-i-se-zaljubiv-vo-nego-03.jpg

Наташа ни откри дека наскоро се враќа во Скопје, а на прашањето зошто токму Миконос за CRNOBELO.com вели:

„Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и тогаш се заљубив во овој остров. Направив пауза од неколку години и потоа почнав секоја година да доаѓам овде, бидејќи на Миконос се чувствувам слободна и своја.

Годинава дојдов во средината на јуни и ќе бидам тука до крајот на септември.

Го обожавам Миконос затоа што само тука не ја чувствувам летната горештина и кога е над 40 Целзиусови степени.

Исто така, Миконос за разлика од другите острови за забави, како што е Ибица, ми се допаѓа затоа што има и многу дневни забави, кои продолжуваат и навечер и траат до околу 3 часот по полноќ.

Не сум многу по ноќниот живот и затоа ми одговараат денските забави.

Плус, Миконос е романтичен и посебен, а тоа ја прави магијата уште поголема“.

Повеќе фотографии од нејзиниот престој таму:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...

Најчитани неделава