Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа беа бесценети“

„Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девојка од странство, која оставила податоци како да ја најдеме. Се инспирирав од летни мотиви, а камчињата ги оставав по плажите на првиот крак, но и скришно ги подметнував под пешкири на деца кои многу се радуваа кога ќе ги најдат“ - Тања од Скопје си нашла забавно хоби на одморот летово и усреќила многу туристи. 

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-01.jpg

Тања Трајковска од Скопје работи како сметководител скоро 20 години, а заедно со сопругот Томислав и двете деца Даријан (16 години) и Ивана (11 години), летово биле на одмор во Полихроно. 

Додека нејзините деца се занимавале на свој начин, а сопругот ловел риба, таа си нашла интересно хоби и почнала со специјални фломастери да исцртува камчиња и да ги остава по плажа. 

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-03.jpg

Иако вели дека нема посебен талент, сепак камчињата се мини ремек-дела кои ги усреќувале случајните минувачи по плажите кои ќе ги најдат. 

За нејзината идеја, инспирација и реализација, Тања раскажува подетално за CRNOBELO.com:

„Додека сте со мали деца на одмор секогаш со вас имате еден куп реквизити за на плажа за да може децата да си играат и забавуваат.

Секако и ние уживаме играјќи со нив, но кога веќе децата ќе пораснат, после 10 години отприлика, веќе тоа не им е интересно, па се трудиме како родители да бидеме тука за нив и со нив и да изнајдеме нешто што одморот ќе им го направи интересен, а тоа е тешко, со тинејџери кои веќе повеќе сакаат одмор со друштво отколку со своите родители.

Мојот син Даријан е веќе тинејџер, има 16 години, ќерката Ивана има 11 години и и јас почнав да барам нешто што би им било интересно покрај бањањето и нуркањето.

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-02_copy.jpg

Пред 2 години, за викенд, фамилијарно сите четворица бевме на Водно, па пред да тргнеме накај дома, син ми на клупа кај Милениумскиот Крст најде едно прекрасно камче на кое имаше нацртано лист во боите на земјата од каде што е девојката која го оставила.

На задната страна го имаше напишано знакот на Фејсбук и пишуваше „KEI TOF“ и броеви кои означуваа поштенски код. Веднаш ми текна дека е можеби нешто објавено на Фејсбук.

Пребаравме и најдовме дека „KEI TOF“ е всушност Фејсбук страница од некоја скандинавска земја, каде луѓето цртаат камења и ги оставаат на различни локации по светов.

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-.jpg

На задната страна со броеви го означуваат поштенскиот код на градот од кој доаѓаат и по тој број можеш да најдеш на страницата кој го оставил каменот.

Во нашиот случај тоа беше една девојка која ги посетила Скопје и Охрид и оставила нацртани камчиња. Беше пресреќна и таа и син ми што ете така се најдоа по камчето.

Интересно искуство. Така да идејата за цртање камења е токму од таму.

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-13.jpg

Подоцна пребарував по интернет за тоа какви фломастери се потребни за цртање на камења и искрено кај нас во Македонија беа некако прескапи, околу 150-200 денари еден фломастер, па подзаборавив на идејата.

Но, лани, на Фејсбук, моја пријателка која е воспитувачка во градинка, објави нацртани каменчиња, веднаш ја прашав од каде ги купила фломастерите и нарачав.

Ги купив од AliExpress, тоа се акрилни фломастери на база на вода, едно пакување со 12 фломастери чинеше околу 120 денари, па си нарачав 2 пакувања.

Таман си стигнаа во мај пред летото да дојде.

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-19.jpg

Искрено ги купив за децата да се занимаваат на плажа, и двајцата имаат голем талент за цртање, но не се на мене, јас талентот го немам иако на камчињата изгледа поинаку.

Сепак, Даријан и Ивана нацртаа дури по еден камен, повеќе им беше интересно да пливаат и нуркаат, да уживаат во топлото море, отколку да се на плажа.

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koi-gi-naogjaa-bea-besceneti--.jpg

Ова беше првиот одмор да не ги занимаваме децата на плажа, па си имавме повеќе време за себе со сопругот. 

Сопругот голем дел од времето ловеше риба, јас читав книги и третиот ден реков да нацртам јас нешто барем кога децава не сакаат.

tanja-od-skopje-nacrtala-35-kamchinja-i-gi-ostavila-na-grchka-plazha-reakciite-na-lugjeto-koga-kje-gi-najdat-bea-besceneti-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg