Вирален статус: „Кога ќе почнете да ја плукате Македонија, сетете се дека не е до земјата, до луѓето е“

„И оваа земја се вика Македонија – со своите прекрасни планини, езера, реки, плодна почва и традиција богата со вкусни јадења, песни и приказни. Земја што ни дала сè што ни треба за живот, но она што ја прави тешка – тоа сме ние, не таа. Не е до земјата, до луѓето е“.

viralen-status-za-makedonija-koga-kje-pochnete-da-ja-plukate-ovaa-zemja-setete-se-deka-klimata-e-odlichna-a-pochvata-plodna-01.jpg

Маја Дукова е вљубеник во патувања, убава храна и вљубеник во пишаниот збор.

На својот Фејсбук профил таа објави статус во кој освестува колку всушност нашата Македонија е убава и какви богатства има, од добра клима до плодна почва.

И дека кога се случуваат работи кои потсетуваат на трулоста, не е до земјата која ја вреѓаме, туку до луѓето, оние кои дозволуваат да дојде до тоа децении наназад. 

Нејзиниот статус гласи:

„Кога ќе почнете да ја плукате оваа земја, сетете се дека климата е одлична, дека ветровите се благи, дека нема разорни урагани, цунами, торнада, активни вулкани и катастрофални земјотреси.

Ова не е сушна земја, не сте жедни.
Не е неплодна, ако семка падне од џебот – ќе никне нешто.

Шумовита, ридеста, но не е ниту каменеста пустина, ниту џунгла со заразни болести.
Сè е убаво, благородно, питомо...

Тоа ви е од земјата.
Маката е од луѓето.

И оваа земја се вика Македонија – со своите прекрасни планини, езера, реки, плодна почва и традиција богата со вкусни јадења, песни и приказни.

Земја што ни дала сè што ни треба за живот, но она што ја прави тешка – тоа сме ние, не таа.
Не е до земјата, до луѓето е“.

С. С. | Црнобело

фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Емотивна објава на Македонка: „Колку ли пати преплашената мајка си ги избришала солзите за детето да... „Цела ноќ плачам... Ниту еден срам не вреди повеќе од вашиот живот. Ниту една за...

Најчитани неделава