За вистинските херои од Кочани - за мајката на која ѝ пукна водењакот кога дознала дека сопругот ѝ починал, за таксистите

За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката. За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје... Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува...“

za-vistinskite-heroi-od-kochani-za-majkata-na-koja-i-pukna-vodenjakot-koga-doznala-deka-soprugot-i-pochinal-i-za-taksi-vozachite-i-policajcite-01.jpg

На социјалните мрежи вирално кружи објава за сите херои од Кочани, за кои досега не сме прочитале.

Се оддава почест и на полицијата, и на возачите на Итната помош, и на таксистите и на сите знајни и незнајни јунаци.

Очигледно е напишано од луѓе од Кочани кои имаат јасна слика што се случувало таа ноќ, но и во деновите потоа.

Нормално, за точноста на фактите не можеме да гарантираме и ја пренесуваме објавата во целост, така како што кружи. 

Моќната објава допира до срце:

За вистинските херои од Кочани - нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува:

- За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат и се породи два дена подоцна
- За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново
- За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени деца на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале
- За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница
- За дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани
- За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко
- За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони
- За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и, за жал, починати.
- За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје
- За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него
- За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис... и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници
- За родителите кои го загубија второто свое дете, откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката
- За родителите на чии раце пред болницата на клупа им починаа децата
- За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои, за жал, се лечат во странство и се во тешка ситуација и понатаму
- За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот
- За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многумина

Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание.

Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт.

С. С. | Црнобело

Фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава