Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, но се прифатив“
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и кога се вратив од болница бев со многу кратка коса. Ми беше чудно затоа што изгледот ми беше сосема променет, но со време се навикнав. Подоцна почнав да си правам различни фризури и се прифатив таква каква што сум. Сепак, дојде момент кога посакав повторно да ја вратам старата јас колку што можам“.

Тамара Темелкова е една од многуте девојки, кои во пожарот во дискотеката во Кочани, покрај другите повреди, траумите и загубата на блиските, останаа без својата коса.
Нашиот фризер Зоки Давитков неодамна објави видео на кое ѝ става надградба и повторно ѝ ја враќа самодовербата, но и сликата за старата себе, барем кога ќе се погледне во огледало.

Тамара е благодарна и среќна за трансформацијата, а зa CRNOBELO.com накратко раскажа како се чувствувала кога се вратила од болница, како се прифатила себеси, но и зошто се одлучила за промената.
Нејзината изјава во продолжение:
„По пожарот ја изгубив косата, и кога се вратив од болница бев со многу кратка коса.
Ми беше чудно затоа што изгледот ми беше сосема променет, но со време се навикнав. Подоцна почнав да си правам различни фризури и се прифатив таква каква што сум.

Сепак, дојде момент кога посакав повторно да ја вратам старата јас колку што можам, па ставив екстензии кај luxury_hair_extensions_pro.
Многу сум задоволна и искрено ги препорачувам.

До сите што минуваат низ слична ситуација – прифатете се такви какви што сте, затоа што така сте најубави.
А ако посакате промена, посетете го салонот, вреди“.

Погледнете го видеото од трансформацијата на нејзината коса:
Прочитајте и Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
