Aнтониа Гиговска со сопругот на Копаоник, Јелена Спенџарска роденденски во Солун: Што прават македонските ѕвезди деновиве?

Eлена Најдоски откри како ги поминала последните денови од март (кликнете на стрелката)

Октај Сејдиу со семејството прослави Бајрам

Некогашната водителка на Бекстејџ, Марија Петровска, која се пресели поради љубовта во Словенија, го прослави вториот роденден на синот

Дизајнерката Ива Спасовска позира во центарот на градот

Елена Ристеска гостуваше во емисија со стилистот Даниел Николовски, кој е нејзин добар пријател, и проговори каков однос имаат (кликнете на видеото)

Јелена Спенџарска го прослави роденденот, трета година по ред на терасата од станот во Солун на нејзиниот сакан Лукас

По тој повод напиша:

„Трета година по ред, денот на моето раѓање го започнуваме на оваа тераса.

Ако пред неколку години не одлучев дека ми е доста од животот во лавиринт и едни исти ситуации со различни луѓе, немаше да го запознаам мојот партнер, да го имам овој дом, ниту пак животот во друга држава кој сум го посакувала од дете.

Тоа беше за време на таа една толку празна пролет кога само сакав да побегнам од сè и решив да заминам од дома на подолг период.

Без тој момент, немаше да има Халкидики – патување што засекогаш ми го промени животот, покажувајќи ми точно како сакам да живеам и како апсолутно не сакам.

Ако не бев предизвикана на толку многу начини низ годините, немаше да ги барам решенијата што ми помогнаа да се променам. И ако не ги барав тие решенија, немаше да го имам овој живот сега, ниту пак сите неверојатни работи кои ми се случија на патот кон остварување на своите соништа!

Ова го споделувам со тебе затоа што чувствувам дека треба повеќе да го промениме начинот на кој гледаме на минатото и на себеси.

Наместо постојано да се фокусираме на лекување на старите рани и да се прашуваме:
-Зошто баш на мене ова ми се случува?,
-Со што го заслужив ова? … и слично...

Гледај ги како причина што токму ти си ТАА сега во овој момент! Секој предизвик те обликувал, те изградил во личноста што си денес. И тоа само искористи го за подобро утре!

Често, во моментот, не ја гледаме поголемата слика ниту ја разбираме причината зошто нешто се случува. Но подоцна, кога ќе се свртиме назад, сликата станува јасна.

Разбираш дека тие моменти биле токму тие што ја откриле твојата цел и твојата сила!

Слушај си го гласот во себе! Интуицијата! Ако си на место кое не ти се допаѓа тука си зашто си гледала да угодиш на сите освен на себе. Слушај си го гласот.

Прегрни ја магијата на тоа што си, и патувањето што те доведе до тука.

Денес, јас си се славам за тоа што СУМ !
Ми се допаѓа каде сум и со кого.

За убава сегашност и уште поубава иднина,
Среќен роденден, Јелена“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...

Најчитани неделава