Ребека сподели емотивна објава за децата со потешкотии во развојот: „Не е детето погрешно - средината е“

Некогаш се прашува дали некој ја гледа нејзината борба и колку е уморна.

Колку би сакала барем еден ден да биде како порано.
Да може барем малку да мисли на себе, да се одмори и ослободи од постојаниот грч.
Но таков ден не доаѓа.

rebeka-spodeli-emotivna-objava-za-decata-so-poteshkotii-vo-razvojot-ne-e-deteto-pogreshno-sredinata-e-03.jpg

Светот оди напред, а таа стои на истото место, држејќи мала рака што бара сигурност.
Ги гледа другите мајки во паркот.
Нивните разговори се полни со планови – школи за јазици, спортови, летувања.

Таа не знае како ќе биде утре.
Дали пак ќе мора да моли, објаснува, да се правда.

Засега, продолжува сама.
Го носи низ разни ходници, моли, објаснува, повторува исти реченици, иста приказна.
Секаде исти погледи – слегнати рамена, прекрстени раце, полуозбилни сожалувања што не значат ништо.

„Разбираме, но такви се правилата…“
„Знаеме дека ви е тешко, но…“
„Пробајте на друго место…“

На друго место.
Каде?

Каде постојат врати што не се затвораат уште пред да ги преминеш?
Каде постојат луѓе што не ја вртат главата?

Таа само сака да му овозможи она што на другите им е дадено без прашање.
Да има другарчиња, некој да му се израдува, да не го гледаат како проблем.

Понекогаш сонува ден кога ќе го види како се смее со некого, без таа да биде таа што го забавува.
Ден кога нема да мора да се бори за она што е најнормално.

До тогаш, продолжува понатаму, сама, но не и скршена.
Сè уште не.
Поради него.

Сè уште се надева дека светот ќе научи да прифаќа и сака.

Само тоа.
Само тоа.
Само“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава