Запознајте ја партнерката на пејачот Мартинијан Кириловски - убавица од неговиот роден град (фото)

Мартинијан (29), кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, ужива во љубовта со кумановката Лара Денковиќ, која минатата година, на 19-годишна возраст го објави својот прв роман.

zapoznajte-ja-partnerkata-na-pejachot-martinijan-kirilovski-ubavica-od-negoviot-roden-grad-foto-01.jpg

Мартинијан Кириловски од Куманово е наш пејач кој се прослави со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Од емоција до глас, тој е комплетен пакет на сцената.

Во 2022 година настапи на концертот „Со љубов за Тоше“ во Крушево, а потоа, тој ја промовираше песната „Крал и слуга“ на Макфест, за која објави и видеоспот, и постојано е активен со музички настапи низ локалите во Македонија.

Деновиве ја промовираше својата нова песна со спот „Удри ме“.

Тој долги години е во врска со Лара Денковиќ, исто така од Куманово.

zapoznajte-ja-partnerkata-na-pejachot-martinijan-kirilovski-ubavica-od-negoviot-roden-grad-foto-03.jpg

Убавата Лара е вљубеничка во пишаниот збор.

Таа во јули 2024 година го промовираше својот прв роман „Не ти, другиот“.

Романот, напишан кога имала 17 години, а кој го објави 2 години подоцна, односно на 19, е љубовна приказна испреплетена со судбината, со главниот лик Клаудија, која е млада, паметна и убава девојка со големи очекувања и многу планови.​

Мартинијан и Лара уживаат во љубовта. Тие пред неговиот 29-ти роденден (24.02) го посетија Париз, а пред тоа како летни дестинации ги избраа Египет и грчкиот остров Крф.

Повеќе фотографии од нив:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Мартинијан Кириловски со исповед како почнал да пелтечи: „Соседот колеше кокошка и главата ја фрли п... „Почнав да пелтечам на мои 4 години. Соседот мој, ќе кажам сега како е, што е, к...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Елена Најдоски и сопругот Бојан на романтика во Париз „Париз е секогаш добра идеја“ - напиша Елена на видеото што го сними под Ајфелов...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...

Најчитани неделава