Мартинијан Кириловски со исповед како почнал да пелтечи: „Соседот колеше кокошка и главата ја фрли пред мене“
- Детали
- среда, 02 јули 2025
„Почнав да пелтечам на мои 4 години. Соседот мој колел кокошка и знаете мали деца да видат што е. Тој бил свртен со грб, јас сум бил позади него и он главата од кокошката ја фрлил позади и таа паднала пред мене и јас автоматски плачење, бладање, плачење 4-5 дена без престан“, ја започнува својата емотивна исповед пејачот Мартинијан Кириловски.

Пејачот Мартинијан Кириловски гостуваше во подкастот „Давид на прва“, на Давид Давидовски, каде во емотивна исповед откри како и кога започнал да пелтечи.
Тој откри дека му се случило по стресен настан на 4-годишна возраст.
На прашањето „Во кој моментот забележа дека завлекуваш/пелтечиш?“ Мартинијан вели:
„Тоа ми се има случено на мои 4 години.
Соседот мој, ќе кажам сега како што е, колел кокошка и знаете мали деца да видат што е.
Тој бил свртен со грб, јас сум бил позади него и он главата од кокошката ја фрлил позади и главата од кокошката паднала пред мене и јас автоматски плачење, бладање, плачење 4-5 дена без престан.
Дури кошмари во сон. Тоа беше и уште е траума за мене, според говорот.
Инаку, да, во училиште се има случено некој да се потсмева на мојата говорна мана. Дури се сеќавам и од еден професор имав задевање во основно.
Јас почнав нешто да зборувам, тој зборуваше друго и се заврте накај мене, ме изимитира тоа што го кажав и се потсмевна малку и си почна да си прави друго.
Јас онака збунет, дете, 6-то одделение.
Во тој момент почувствував некое кинење во градите, ама не се дадов“.
Кликнете на видеата:
С. С. | Црнобело
