Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Денес се слави Ѓурѓовден во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец

На 6-ти мај се празнува најголемиот христијански празник од пролетниот циклус, Ѓурѓовден, а име слават Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓурѓица…

denes-se-slavi-gjurgjovden-vo-chest-na-svetiot-velikomachenik-georgij-pobedonosec-01.jpg

Денес се празнува Ѓурѓовден – најголемиот христијански празник од пролетниот циклус.

Секоја година празникот е на ист датум, односно на 6-ти мај според Грегоријанскиот календар или таканаречениот нов стил.

Според Јулијанскиот календар, или таканаречениот стар стил, празникот се паѓал на 23-ти април.

Ѓурѓовден се празнува во чест на Свети Ѓорѓи Победоносец (или свети Георгиј) кој се смета за симбол на храброста, верата и борбата против злото.

На иконите најчесто е претставен како воин на коњ кој убива ламја (или змеј) со што симболично е претставена победата над злото.

denes-se-slavi-gjurgjovden-vo-chest-na-svetiot-velikomachenik-georgij-pobedonosec-05.JPG

Интересно е што покрај христијанските обреди, како литургиите во црква, во Македонија останале и бројни народни обичаи со кои покрај празникот за Свети Георгиј, на некој начин се слави и почетокот на пролетта.

Според житието на Свети Георгиј (кое можете да го прочитате на официјалниот веб-сајт на Бигорски манастир), светецот бил роден во Кападокија, како син на богати, но чесни и побожни родители.

Сепак, некои извори велат дека бил роден во Бејрут, околу 270 година.

denes-se-slavi-gjurgjovden-vo-chest-na-svetiot-velikomachenik-georgij-pobedonosec-03.JPG

Татко му бил маченик кој го дал животот за Бог, по што мајка му се преселила во Палестина.

Георгиј служел во војска, а кога наполнил 20 години, стигнал до чин трибун и бил на служба кај царот Диоклецијан. Токму овој цар почнал да ги гони христијаните, по што Георгиј истапил во нивна одбрана и му кажал дека и тој е христијанин.

За да го казни, царот го затворил во самица и наредил нозете да му ги стават во клада, а на градите да му стават камен.

„Потоа наредил, та го врзале на колце, под кое имало штици со големи клинци и така да го вртат додека целото тело не му стане како една крвава рана.

Потоа го закопале во ров така што само главата му била надвор од земјата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Потоа преку некој маѓесник му дале смртоносен отров“, пишува во житието.

denes-se-slavi-gjurgjovden-vo-chest-na-svetiot-velikomachenik-georgij-pobedonosec-04.JPG

Додека траело сето ова мачење, Георгиј не престанувал да му се моли на Бог кој, пак го исцелувал и го спасувал од смртта.

Бидејќи Георгиј ги преживеал сите страдања, многу луѓе го прифатиле христијанството, вклучувајќи ја и сопругата на царот – Александра.

Царот ги осудил Георгиј и Александра на смрт – жената починала пред да биде погубена, додека свети Георгиј бил обезглавен во 302 година.

„Чудата што се случиле на гробот на св. Георгиј немаат број. Им нема број ни на неговите јавувања во сон и најаве на мнозина кои го споменале и ја побарале неговата помош од тогаш до ден-денешен.

Разгорувајќи се со љубовта кон Христа Господа на свети Георгиј не му било тешко да остави сè заради таа љубов: и чинот, и богатството, и царската почест, и пријателите, и сиот свет.

За таа љубов Господ го наградил со венец на невенливата слава на небото и на Земјата и со живот вечен во Своето Царство. Уште му дарувал Господ сила и власт да им помага во бедните и неволјите на сите оние што го слават и неговото име го повикуваат“, пишува во житието.

denes-se-slavi-gjurgjovden-vo-chest-na-svetiot-velikomachenik-georgij-pobedonosec-02.JPG

Во чест на страдањата на свети Георгиј и неговата борба против злото, христијаните го празнуваат Ѓурѓовден одејќи на црква, а на некои места се меси и лепче и се принесуваат дарови за здравје и благосостојба.

Бидејќи е празник кој се поврзува и со пролетта, во разни краеви од Македонија има и различни народни обичаи.

Луѓето се подготвуваат за периодот што следува во кој главно треба да се грижат за своите посеви, а притоа го слават и оживувањето на природата по крајот на зимата.

Денес име слават Ѓорѓија, Ѓорѓи, Ѓоко, Ѓурѓица, Ѓурѓа, Ѓуро…

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Диџеј Мац доби син - со сопругата му дадоа име со силно значење Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg