Унгарка мажена за Македонец, што води живот на тркала - сподели како го поставуваат креветот за синот во камперот
- Детали
- среда, 14 мај 2025
„Можеби изгледа тесно, но верувајте ми – најдобро спијам во камперот! Нема градска врева, само природа и свеж воздух“, вели Едит од Унгарија која со сопругот Драган и синот води живот на тркала, односно патувајќи со кампер по Европа.
Драган Тапшанов од Скопје е фотограф, кој со своето семејство, сопругата Едит од Унгарија и синот Марк патува низ светот со кампер и креира содржина за својот Инстаграм профил.
Забавните видеа каде пеат македонски песни на унгарски, па ја учи Едит нови македонски зборови, па таа споделува камперски рецепти и што уште не се нивно секојдневие.
Тие периодов престојуваат во Босна и Херцеговина.
Едит на својот Инстаграм профил откри како го поствуваат креветот за спиење за нејзиниот син во нивниот кампер.
Инаку, таа вели:
„Можеби изгледа тесно, но верувајте ми – најдобро спијам во камперот! Нема градска врева, само природа и свеж воздух“.
Кликете на видеото:
Погледнете го и видеото како се подготвуваат за поаѓање на пат:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





