Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 550g)

Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременоста, а Амра се родила со тежина од 820 грама. Двете палчиња си заминаа од болница, во домот на нивните родители.

mali-heorini-ushte-2-predvremeno-rodeni-bebinja-se-izborija-za-zhivotite-ednoto-e-rodeno-so-tezhina-od-550-grama-01.jpg

Убави вести од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Уште две мали предвремено родени бебиња успеаја да се изборат за своите животи и да го напуштат Одделението за интензивна нега и терапија.

Амра и Амела се две мали „палчиња“ родени со екстремно мали телесни тежини, кои поминаа неколку месеци на ГАК, пред да си заминат дома.

Како што информираат од ГАК, Амела се родила на 29-ти ноември минатата година со телесна тежина од само 550 грама и во 25-тата гестациска недела, а по 156 дена престој и борба во болница, минатата недела конечно си замина дома, откако успеала да постигне тежина од 2.640 грама.

447878602_856344843188196_3510149487551772225_n.jpg

Амра е второто екстремно прематурче, кое на 8 Март годинава се родило со тежина од 820 грама.

По 80 дена поминати во болница и таа си заминува дома со тежина од 1.800 грама.

447801772_856344756521538_7463230921374594128_n.jpg

„На голема радост на сите нас, педијатри и медицински сестри акушерки, двете мали хероини се изборија со сè она што го носи предвременото раѓање.

Растете среќни и имајте детство исполнето со љубов и со здравје, уживајќи во прегратките на своите најблиски“ – им порачуваат од ГАК.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава