Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледале познатите Македонци на матура: Антониа - од Евровизија на прослава, Хелена Роза среќна што ја шминкал Сергеј

„Славевме во Охрид и сами се подготвувавме. Се сеќавам дека во собата ми дојдоа пола од девојките во класот за да им ставам туш на очите, затоа што најпрецизно сум знаела да го исцртам“ - се сеќава Татјана Стојановска на својата матурска забава.

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-01.jpg

За многумина матурската прослава е еден од најважните настани во тинејџерските години - како со неа зад себе да оставате еден дел од животот и да се подготвувате за нешто ново, поголемо, повозбудливо.

А и прославата не е обична. Некои девојки првпат на оваа вечер облекуваат високи штикли, други првпат одат на професионална шминка и не веруваат како им е трансформиран ликот.

Има момци кои првпат носат костум, дури и класични чевли.

Тука се и прославите дома, партнерите за матура, плановите каде ќе се оди по големата забава.

Матурата секогаш носи убави спомени, а дел од познатите Македонци со нас споделија свои сеќавања и фотки од забавата.

Како си поминале тие?

Татјана Стојановска

Учев во економско-правното училиште „Борис Кидрич“ (денес Васил Антевски Дрен) и матурската прослава беше во рамките на тридневна екскурзија во Охрид, а прославивме во тогашниот хотел Парк.

Сами се подготвувавме и се сеќавам дека во собата ми дојдоа пола клас од девојките за да им ставам туш на очите затоа што најпрецизно сум знаела да го исцртам.

Забавата беше супер, прво со народна музика, а потоа отидовме во диското во хотелот.

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-09_copy_copy.jpg

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-08.jpg

Иван Јованов

Матурската прослава беше ноќ за паметење, а ја завршивме во салите на музичко балетскиот центар Илија Николовски Луј, каде што завршив на отсекот за виола.

По забава, кој кој заспа, заспа, а сабајлето имавме трубачи и голем дел од нас тогаш полагаа матура.

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-03_copy.jpg

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-04_copy.jpg

Милена Антовска

Завршив средно во гимназијата „Орце Николов“ - на матурата си поминав многу убаво и бев пресреќна.

Моите ми направија забава каква што сакав, со најблиските, со музика.

Фустанчето што го носев, колку и да изгледа смешно од оваа дистанца, тогаш беше многу модерно - боите беа модерни, материјалот, плус мини, стварно бев пресреќна.

Потоа имавме убава прослава со генерацијата и оттаму продолживме во некое диско.

Беше феноменално и до крај на животот ќе се сеќавам на таа вечер.

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-05.jpg

Елена Ристеска

Облеката за матура ми ја правеше мајка ми. Многу беше комплицирано да се направи, барав нешто невозможно.

Во тоа време носев некои многу модерни штикли од Miss Sixty, мислам дека првпат носев штикли.

Инаку, пеев на матурската прослава и сите соученици си поминавме многу убаво, баш како крунисување на тие 4 години средно.

И иако имав неубави моменти во текот на школувањето, тоа не е битно, матурската беше совршена и цел живот ќе ја памтам.

Оваа година правам 20 години од матура и на 23 мај ќе се собереме сите класови од „Никола Карев“ за да прославиме.

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-07_copy_copy.jpg

Марко Марк

Завршив во СГГУС Здравко Цветковски - општа гимназија во 2005 и имам најубави сеќавања од средношколските денови - бевме прекрасна генерација, агилна, бунтовна, како едно цунами за промени.

Но и покрај активните младешки хормони имавме почит кон сите наши класни раководители, просветни работници, даскали…

Матурската прослава пред точно 20 години ни беше во хотелот Континентал. Се сеќавам дека младиот тогаш популарниот пејач Сашо Спасовски („Пијан и млад“) ни пееше на матурската прослава.

Потоа некои заминаа на друга забава во некоја дискотека, а јас си дојдов дома, но утредента појдовме сите на училиште и таму, во холот и училишниот двор продолжи забавата (некои немаа спиено цела ноќ и дојдоа директно на продолжението на забавата).

Не ја помнам целосно прославата, но чувството е секако убаво - да ги имам најблиските дома и дека тие ме испратија на прославата.

kako-izgledaa-poznatite-makedonci-na-matura-antonia-od-evrosong-na-proslava-helena-roza-srekjna-shto-ja-shminkal-sergej-24.jpg

Уште 5 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Хелена Роза има поводи за славење - ќерка ѝ Кјара се омажи, сестра ѝ Ребека ја посети во Нов Зеланд Хелена Роза, која пред 9 години се пресели на Нов Зеланд, во изминативе неколку ...
Антониа Гиговска со бели веѓи и трепки за новиот спот: „Снимавме 3 дена во Египет, најзабавна беше с... Откако во претходниот спот беше со куса коса, Антониа се реши за нова трансформа...
„Цел на тато“ - Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски уживаат на одмор со синот Пејачката за време на одморот внимава на секој чекор на синот, а нејзиниот сопру...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg