Сергеј Варошлија: „Во мојот салон најдов фотографија од мртва, претепана, ќелава жена со сошиена уста со конец“
- Детали
- петок, 10 октомври 2025
„Ја отворам фотографијата, а тоа црно-бела фотографија од почината жена. Еве, сега не ми е пријатно кога го зборувам тоа. Не можев да поверувам, се имам откорнато од плачење“, споделува Сергеј Варошлија во разговор со Стефан Лазаров.
фото: mpvsk
Стефан Лазаров и Сергеј Варошлија го лансираа подкастот „Урок“, која ќе го има секој четврток во 21 часот.
Во првата епизода Сергеј зборува за себе и открива една морбидна случка од неговиот некогашен салон за убавина.
Неговата исповед:
„Да се вратам на мојата приказна како јас почнав да верувам во морбидни работи (се мисли на тоа дека луѓето прават такви работи).
Не верував сè додека не се соочив.
Некаде во 2003 година во салонот во којшто функционирав тогаш, при чистење на салонот... Верче, ќе ја поздравам, она од позади тросед влече нешто и како тутурутка е смотано.
Ми вика: „Ти паднала некоја фотографија“.
Ја отворам јас фотографијата А4 формат, а тоа црно-бела фотографија од почината жена.
Мртва, претепана, со избричена глава, ќелава, со отворени очи и со сошиена уста со конец.
Еве, сега не ми е пријатно кога го зборувам тоа.
Не можев да поверувам што гледам пред себе.
Фотографијата беше прехорор и престрашна и јас не можев да се помирам зошто некој би го направил тоа, на кого јас сум му направил нешто лошо, освен тоа што сум успешен.
Се имам откорнато од плачење колку луѓето можат да бидат лоши и завидливи.
Едита не се плашеше од фотографијата, ја стави во автомобил и ја однесе кај оџа.
Се врати со фотографијата утредента назад и ми кажа дека оџата ѝ рекол дека не е наменето кон некаква си личност и дека ова е наменето за некаков си простор.
Фотографијата праќа порака сè да ви умре, да гледате со отворени очи, а да не можете ништо да кажете, затоа устата ѝ е зашиена.
Буквално истото се случи, се распадна целиот салон после две години. Буквално ништо не можевме да направиме.
За фотографијата некои викаа уринирај врз неа, запали ја, го направивме тоа, меѓутоа се случи тоа што се случи“.
Kликнете на видеото:
С. С. | Црнобело