Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те знаев цел живот“

„Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила секој ден ме воодушевуваа и ме охрабруваа за секој нов ден. Имавме многу планови, идеи...“ - напиша Сергеј Четковиќ, кој беше близок соработник со Панчо, но и искрен пријател. 

sergej-chetkovikj-se-zboguva-od-svojot-prijatel-pancho-od-prv-den-te-gledav-kako-brat-kako-da-te-znaev-cel-zhivot-01.jpg

Веста за смртта на Владимир Блажев Панчо ја погоди цела македонска јавност, но и регионот, посебно оние со кои нашиот музичар беше многу близок.

Меѓу нив е и Сергеј Четковиќ, кој погоден од веста, сподели заедничка фотографија со него и напиша емотивно збогување.

Панчо и Сергеј се пријатели од многу одамна, а се запознале во далечната 2011-та на концерт кој црногорскиот пејач го имал во Скопје.

По таа средба тие почнале да соработуваат, но се зближиле и приватно како пријатели и семејство.

Сергеј во својата објава напиша:

Добар мој, од првиот ден те гледав како брат. Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот.

Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила секој ден ме воодушевуваа и ме охрабруваа за секој нов ден.

Имавме многу планови, идеи... Многу работи што требаше да се направат, раскажат, осмислат...

Патувај брате мој, одмори се. Нека ангелите те одведат на некое подобро место и нека Господ ти подари Рајска населба.

Те сака твојот брат!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава