Како изгледале познатите Македонци на матура: Антониа - од Евровизија на прослава, Хелена Роза среќна што ја шминкал Сергеј
Антониа Гиговска
Завршив во Јосип Броз Тито. Дента на забавата се вратив од Евровизија, слетав од Израел и отидов само да го пробам тоа што го шиев „на слепо“, па оттаму директно продолжив на матура.
Кога стигнав на матурската прослава, професорката Каролина, која многу ме сака, ме викна на сцена за да ме поздрават сите, бидејќи сум дошла од Евровизија, каде што постигнавме голем успех со Тамара, прво место од жири и вкупно 7 место.
Рече: „Со голем аплауз да ја поздравиме нашата соученичка Антониа“, но мислам дека 90% од нив викаа „БУУУУ“.
Миро Кацаров
Сега кога се гледам на фотографииве, се прашувам зошто имам толку многу пудра и шминка, а мислам дека и другите ќе се прашуваат, ама ете, не знам.
Јас завршив средно медицинско како забен техничар, зашто моите имаа желба да бидам доктор (а нема допирна точка со ова што го работам денес).
Славевме во хотел „Оаза“ во Штип и си поминав прејако.
Хелена Роза
Фустанот што го носев си ги купив самата дента, неколку часа пред матура, од бутик од Буњаковец.
Многу важно е што шминката и фризурата ми беа од Сергеј Варошлија, и многу бев среќна и важна поради тоа.
Инаку завршив средно уметничко училиште во „Лазар Личеновски“ и бевме буквално само некои 60 ученици.
Супер си поминавме, иако немам некои посебни импресии, ниту некои дешавки.
Игор Стефановски - Иџе
Средно училиште завршив во ЖУЦ, а партнерка на матурската прослава ми беше тогашната девојка, а сега сопруга Емче, со која и учев во истото училиште.
Но, да бидам искрен немам некое големо сеќавање од прославата, освен неколку фотографии кои ги чуваме дома за спомен.
Ивона Јо
Немам некое посебно сеќавање од вечерта затоа што помина многу бргу.
Секако пеев, но најголемата траума ми беше тоа што морав да бидам мирна и да го чувам гласот, бидејќи утредента се снимаше емисијата за влез во полуфинале во „Ѕвездите на Гранд“.
Моите ме зедоа во 4 наутро од афтер журката на која им бев на сите како мајка затоа што не конзумирав алкохол.
Тргнавме за Белград во 5 наутро. И во тој круг испаднав - уморот си го направи своето.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





