Елена Стојановска на патување во Њујорк - објави ретка фотка со сопругот, го посети „Мадам Тисо“
- Детали
- четврток, 15 мај 2025
Познатата водителка ретко споделува фотографии со сопругот Огнен, но сега откри дека се на патување во Њујорк.
Водителката на утринската програма на Сител, Елена Стојановска, е на патување во САД.
Таа е во Њујорк со сопругот Огнен, за кого еднаш рече дека „бил убав ко турски глумец“.
Парот ужива во моментите поминати во „Големото јаболко“, a Елена сподели дел од нив на социјалните мрежи.
Па освен што се прошетаа на Тајмс Сквер, по мостот Бруклин, ја видоа Статуата на слободата, беа и во музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“.
„Здраво Ким“ - напиша Елена на фотката направена со фигурата на Ким Кардашијан.
Таа не пропушти да се фотографира и со Бред Пит, Одри Хепберн, Хари Стајлс, водителот Џими Фелон, но и со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 недели“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





