Јаков Спасов, синот на Дац, и сопругата Софија добија втора ќерка - ѝ дадоа име што значи „живот“
- Детали
- недела, 18 мај 2025
Актерот Јаков Спасов и сопругата Софија првата ќерка ја крстија Гаиа, што значи „земја“, а на втората ќерка ѝ дадоа име со значење „живот“.
Актерот Јаков, синот на Драган Спасов Дац, и неговата сопруга Софија добија втора ќерка.
Софија се породи вчера (17.05) и на Инстаграм Стори објави фотка со Јаков и бебето, направена додека лежи на боксот за породување.
„Добредојде наша Зои“ напиша таа.
Софија објави и фотографија со 2-годишната ќерка Гаиа со емотивна порака:
„Последната слика само ти и јас. Од утре ништо нема да биде исто, ама ќе биде уште поголемо, уште побогато, уште пољубовно, зашто љубовта што ја создадовме јас и ти, сега ќе ја подарме и на Зои.
А ти, љубов моја првородена, секогаш ќе бидеш мојот почеток“.
Името Зои e од грчко потекло, а симболично означува „живот“.
Дека добил внука се пофали и Дац преку социјалните мрежи.
„Добив уште една внука. Честитки мама Софија и тато Јаков.
А јас.. јас сум вторпат дедо! Нека се множи среќата. Добредојде Зои!“, напиша тој на Фејсбук.
Освен Зои, Софија и Јаков ја имаат ќерката Гаиа, а нејзиното име има значење „земја“.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





