Миа Костова по одморот на Малдиви: „Ајкулите не се опасни и се плашат од луѓе, Аперол е 20 долари“
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
„И во два по полноќ надвор е влажно и претопло. Не постои опција да ти треба нешто за одозгора во ниту еден момент. Комарци има, иако прскаат на самрак, но не е дека си комплетно спасен. Ама има колку што има секаде во лето“ - вели Миа Костова, која одговараше на прашања за Малдиви на Инстаграм.
Инфлуенсерката и поранешна водителка, Миа Костова, во 2023-та беше на Малдиви, а сега повторно се врати во земјата за која вели, да може, би ја посетувала еднаш во годината.
Таа помина една недела на ова рајско парче земја и во текот на својот одмор вели дека ги наполнила очите со убавини, а боите што ги видела ќе ги памети засекогаш.
И, освен што споделуваше фотографии и видеа преку Инстаграм, на своите следбеници им раскажуваше за времето поминато таму, дополнето со корисни совети доколку планираат да одат на Малдиви.
Но по враќањето, уште еднаш им даде можност да ја прашаат работи што ги интересираат.
„Дали можеби оставив нешто неодговорено за Малдиви? Ако да, повелете“ - напиша таа на Инстаграм Стори.
Од основни податоци, Миа кажа дека за Малдиви не е потребна виза, туку се пополнува некој формулар пред одење.
Откри и дека не се потребни никакви вакцини за патувањето таму, исто како што не требаат вакцини ни за Занзибар.
Бидејќи Миа често вели дека има страв од летање со авион, ја прашаа колку трае патувањето дотаму, дали ѝ се лошело на локалниот лет со мал авион и како ја надминува паниката.
„Тоа е што е, пријатно не ми е и едвај дишам некои 10 минути од полетување, после можам да летам и 15 часа.
А и што ќе паничиш? Ќе излезеш? Цел живот ќе одиш само до Охрид?“ - напиша Миа.
Таа одговори и дека воопшто не ѝ се лошело на локалниот лет.
„Авиончето не е баш мало и е како сосема нормален лет со регуларен тек на полетување, слетување и слично. Не е хидроавион. Најнормален авион е.
Инаку, летот Скопје - Истанбул е 1:15 часа, Истанбул - Мале е 8 часа и локалниот лет е 20 минути“.
„Кој период е најдобар за одмор таму? - ја прашаа.
„Како најсигурно, ако зборуваме за дождлива сезона, ти е во зима, иако Малдиви е со иста температура 12 месеци во годината.
Co климатските промени, и дождовните сезони се далеку поинакви во последниве години.
Еве, ние бевме во дождовна сезона. Облак не видовме. Иако на апликација покажуваше дождови секој ден. Така што - врв на сезона е зима“.
Миа одговори и на прашањето „дали би го препорачала Малдиви за меден месец?“.
„Па, мислам дека Малдиви е најпосетуван баш со таа причина.
Не знам дали воопшто постои подобра варијанта за меден месец од Малдиви“ - кажа таа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





