Миа Костова по одморот на Малдиви: „Ајкулите не се опасни и се плашат од луѓе, Аперол е 20 долари“
Нејзините следбеници ги интересираше и дали островот бил полн со инсекти, пајаци, змии.
На ова Миа напиша:
„Нема ништо. Или јас не видов. Дека драматично ќе гледаш инсекти - не. Има гуштерчиња, друго не видов“.
„Дали стравот од ајкулите ве исплаши да влегувате во океанот? И дали има ражи?“ - ја прашаа.
„Јас, што имам ужасна паника од ајкули, влегував, реално. Можда не преопуштено, ама имаме и видео како се бањаме во океан.
Штом до сега не им се случило никогаш нешто во врска со ајкулите, нема баш мене.
Инаку има и ражи, да, кои не доаѓаат таму кај што се бањаш“ - одговори Миа.
Таа доби уште едно прашање за ајкулите - „Дали има одредено време кога можеш да пливаш, бидејќи видов има ајкули?“
„Нема одредено време, пливаш кога сакаш, а ајкулите не се од оној вид кој е опасен за луѓе, прво се плашат, второ не ти прават ништо. Сите се во вода во текот на целиот ден“ - одговори таа.
Во однос на температурата и прашањето колку е ладно навечер и дали има многу комарции, Миа вели:
„Не постои опција да ти залади. И во два по полноќ надвор е влажно и претопло. Не постои опција да ти треба нешто за одозгора во ниту еден момент од денот дури и кога дува и кога врне е како 10 август во Скопје.
Комарци има, иако прскаат на самрак, но не е дека си комплетно спасен. Ама има колку што има секаде во лето. Ништо драматично.
Островот е преголем, можеш да шеташ пешки (да го прошеташ цел ќе ти треба повеќе од еден час) можеш со точак, можеш да седиш во барови или ресторан дури има и диско со погласна музика“.
„Како се движат цените по рестораните?“ - беше едно од прашањата.
„Па, не е евтино. Да речеме, вакви порции се по 25-35 долари. Аперол е 20 долари, вино 70-80 долари шише.
Имате опција за all inclusive со некоја одредена доплата што е подобра варијанта и тука спаѓаат пијачки и еден ресторан мислам“.
„А каде наоѓавте алкохол? Дали освен на фамозните бротчиња, служат негде?“
„Дечки, правилата околу алкохолот и костимите за капење важат само на островите кај што живее локално население.
На сите острови кои се ресорти и нема нивно население, има алкохол каков сакате - од коктели до вино преку виски, пиво... Најнормално се служи на плажа и во ресторани“ - вели инфлуенсерката.
Една нејзина следбеничка ја праша дали може да се оди со дете мало (5 години) и дали воопшто на Малдиви патуваат со деца?
„Зошто да не? Зависи од тебе и од детето. Ако сметаш дека ќе го издржи и поднесе добро патот, секако.
Не очекувај дека ќе може да е во вода цел ден затоа што е претопло и премногу се гори на сонце, па така ќе треба да се договорите за седење под сенка.
Инаку имаше многу деца, од бебиња до поголеми, иако бебе не знам како поднесува таква спарнина, ама ете сите сме различни“ - заврши Миа.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





