Пекарници со најдобар бурек во Скопје – омилен појадок на скопјани
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
Старите скопјани едногласно велат дека најдобар бурек на времето имало во Ванила на Рекорд, но денес за бурек со месо или друг вкус има неколку други фаворити. Споделуваме неколку предлози од скопјани.
Бурекот е дефинитивно еден од омилените појадоци во Македонија, крцкав, масен и полнет со вкусен фил од месо, сирење, пица или други вкусови.
Низ Скопје има многу пекарници и бурекчилници кои прават одличен бурек, но на социјалните мрежи, скопјани постојано повторуваат неколку каде може да се проба највкусниот.
Дел од нив и самите сме ги пробале и тврдиме дека се одлични, но на листата имаме уште неколку препораки од скопјани.
Секако, тоа не значи дека во други локали не може да се најде добар бурек, бидејќи има многу мајстори кои добро си ја знаат работата со овој специјалитет.
Издвојуваме неколку места во Скопје каде може да пробате вкусен бурек:
Фурна Св. Никола, Водњанска
Бурекчилница Беки, пазарче Буњаковец
Пекарница Тафче, Лептокарија и Автокоманда
Пекарница Жито Леб, на повеќе локации низ Скопје
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





