Сашко Коцев со сопругата, Маја Кикириткова кампува во шатор над автомобилот во Грција: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 26 мај 2025
Маја Кикириткова откри во каков рајски камп на вториот крак престојува со семејството, но и кои се маните таму, Тамара Тодевска настапи во Валандово, Ирина и Павле Камилоски споделија семејни фотографии, а Сашко Коцев позираше облечен во тон со сопругата.
Маја Кикириткова деновиве кампува со семејството на вториот крак во Грција
Поточно во „Armenistis Camping & Bungalows“, камп кој се наоѓа на плажата Арменистис, во близина на местото Сарти, на вториот крак (Ситонија) на полуостровот Халкидики.
Оваа локација е опкружена со бујна природа, златен песок и кристално чисто море, нудејќи идеално место за кампување и одмор.
„Нашиот дом следните денови ќе изгледа вака... Сезоната за кампување ја прогласуваме за отворена. Овој пат @armenistis.camping.bungalows. Лани не успеавме да букираме навреме, годинава резервиравме уште во јануари.
Првпат доаѓаме овде, иако многу имаме слушано. Деновиве ќе споделам информации за сѐ околу кампот“, откри Маја Кикириткова.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Сашко Коцев позираше облечен во тон со сопругата Смиљана
Тамара Тодевска настапи во Валандово пред фестивалот „Фолк Фест Валандово“, чие прво издание се одржа во 1985 година
Дизајнерката Фросина Ангеловска, позната како Фрози Фран, позираше во една од своите креации
Александар Тарабунов со Драган Мијалковски на настап во скопски локал
Лила Филиповска ужива во прошетки и дружби
Ивона Јо најави нови настапи
Ирина и Павле Камилоски споделија семејни мигови и фотки со двете деца
Елена Најдоски на патување во Хрватска и Италија
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





