Се ожени голманот Костадин Захов - Елегантен во бел костум покрај саканата Ивана од Србија, Ана Бекута пееше на свадбата
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
Македонскиот голман го замени дресот со елегантен костум на венчавката со саканата Ивана. На свадбата пееше Ана Бекута, но и Костадин запеа за мерак на гостите. Невестата се појави со кул палто со принт од црно-бели фотографии на него.
Голманот Костадин Захов од Струмица, кој неколкупати бранеше и за македонската фудбалска репрезентација, минатиот викенд се ожени со својата сакана, модната дизајнерка Ивана Давидовиќ од Србија.
Парот, кој е заедно околу една и пол година, направи свадба во Скопје на 24 мај, со многу гости и пријатели од Македонија и Србија.
Тие прво се венчаа во Соборниот храм во Скопје, а потоа направија регистрација и свадбена прослава во позната винарија.
Костадин, кој важи за еден од спортистите со најдобар моден стил кај нас, за свадбата избра бело елегантно палто со црни панталони.
Неговата избраничка носеше фустан од тантела кој ја следеше линијата на телото, со гол грб, но и „оверсајз“ палто со црно-бели фотографии.
Гостите на свадбата ги забавуваше Ана Бекута, но во еден момент за свој мерак, но и за мерак на присутните запеа и младоженецот.
Костадин во минатото на својот Инстаграм често објавуваше видеа како свири и пее и добиваше комплименти за гласот и своето пеење.
Вечерта заврши со сечењето на тортата - елегантна, во форма на срце, во бела и црвена боја.
Погледнете повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





