Нашата згодна новинарка Алмедина Исмајли прослави роденден со фотосесија во стилот на Одри Хепберн
- Детали
- петок, 30 мај 2025
Во стилот на ненадминливата Одри Хепберн во филмот Breakfast at Tiffany's, со тијара на главата, црни очила и ракавици до над лактите, нашата згодна новинарка Алмедина Исмајли сама си го честита роденденот.
Македонската новинарка Алмедина Исмајли славеше роденден, а си го честита и самата преку социјалните мрежи, со убаво осмислена роденденска фотосесија.
Алмедина направи фотки во стилот на ненадминливата Одри Хепберн од култниот филм „Breakfast at Tiffany's“.
Таа е во кревет со торта во раката, облечена во црн фустан со ракавици над лактите, има црни очила, тијара на главата и многу накит, исто како и Одри во една од најпознатите сцени од филмот.
Оваа година си посакувам мир во умот, сила во срцето и јасност на мојот пат. Да станам помудра, да сакам подлабоко и да живеам поцелосно.
Да се бирам себеси, да бидат тука за себе и да верувам дека сè што ми треба е веќе во мене. Среќен ми роденден“ - напиша таа.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото)
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





