Вирален статус на професорка од Скопје, по матурите: „Ерес е да слушаш турбо-фолк во дискотека, со вулгарни и прости строфи“

„Новокомпонираната музика мачна ми е за слушање не само поради вулгарните, прости строфи и рефрени („Гинем, гинем да ти скинем хаљину што шушти..."), туку и поради мрачните, депресивни „жалопојки", гнев и бес, или пак патетични „хвалопојки“, самобендисани рефрени во стилот „Не може нам нико ништа јачи смо од судбине“...“, вели Татјана Алексиќ од Скопје, професорка по македонски јазик.

viralen-status-na-profesorka-od-skopje-eres-e-da-slushash-turbo-folk-vo-diskoteka-treba-da-se-prekrstat-vo-folkoteki-01.jpg

Татјана Алексиќ од Скопје е професорка по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, семејна жена, омажена за својата прва, гимназиска љубов и мајка на два сина, Ненад и Алекса.

Таа говори јавно на разни теми, а сега на нејзиниот Фејсбук профил се огласи инспирирана од изборот на музика за прослава на матурските забави во Македонија.

viralen-status-na-profesorka-od-skopje-eres-e-da-slushash-turbo-folk-vo-diskoteka-treba-da-se-prekrstat-vo-folkoteki-03.jpg

Нејзината објава гласи:

„Матурските забави поминаа, а музиката уште ни татни низ ушите. Уште „грми“ што би рекле младиве „грмиш не се трпиш“.

Секоја година, оптимистички очекувам промена кај младите во изборот на музичкиот дискурс за матурските прослави.

Долго, предолго време се слуша турбо-фолкот по дискотеки. Ерес е да слушаш турбо-фолк во дискотека, треба да се прекрстат во фолкотеки.

Музиката треба Орфејски да нѐ зближува, облагородува, воздигнува и ослободува. Музиката треба да го осмисли и да го слави животот, да ја слави љубовта, позитивните вредности и идеали...

Децата првин слушаат музика, ја впиваат во меморија. Затоа музиката е првиот воспитувач на човекот.

Според Платон образованието треба да е поделено на музика и гимнастика.

Музика значи сѐ што потекнува од музите, она што се нарекува културa. Целта на кутурата (музиката) е да прави од луѓето џентлмени.

Новокомпонираната музика, без оглед на брзиот и навидум весел ритам, некако ми е депресивна, мачна за слушање не само поради вулгарните, прости строфи и рефрени („кец, кец, кецељица испод ње је веверица“ или „гинем, гинем да ти скинем хаљину што шушти“), туку и поради мрачните, депресивни „жалопојки“, гнев и бес, или пак патетични „хвалопојки“, самобендисани рефрени во стилот „не може нам нико ништа јачи смо од судбине“...

Добрата музика не вреска, не крешти, не прави бучава. Не поттикнува на агресија, блуд и разврат.

Добрата музика е мевлем за душа, прави простор во душата и ја лекува. На толку убави македонски песни, било народни или авторски, невозможно е да ни се допаѓаат новокомпонираните текстови!

Музиката е нашето огледало. Огледајте се во тоа што го слушате!

viralen-status-na-profesorka-od-skopje-eres-e-da-slushash-turbo-folk-vo-diskoteka-treba-da-se-prekrstat-vo-folkoteki-02.jpg

Прочитајте и Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...

Најчитани неделава