Водителката Цеце Тодосовска на семејно летување во камп во Грција: „Авантурите на Бодан и Симон“
- Детали
- вторник, 17 јуни 2025
Цеце на Инстаграм сподели неколку семејни фотографии, фотки од синовите кои се забавуваат со желката што ја пронашле во кампот, со разни инсекти, возејќи велосипеди, но и прегрнати со родителите.

Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска, е вљубеник во кампувањето.
Таа, со сопругот и двете деца секоја година летува во камп, а оваа пракса со сопругот ја имале и пред да се родат децата.
Семејството оди на кампување и во Македонија и во Грција, а годинава ја „отворија“ сезоната со кампување во Арменистис.
Ова е еден од најомилените кампови на Македонците на вториот крак во Грција, а таму Цеце беше и лани со семејството.

Водителката на Инстаграм сподели неколку семејни фотографии, но и фотки од синовите кои се забавуваат со желката што ја пронашле во кампот, со разни инсекти, возејќи велосипеди, но и прегрнати со родителите.
„Авантурите на Бодан и Симон“ - напиша Цеце.
Погледнете ги фотографиите:




