Синот на Павле и Ирина Камилоски наполни 2 години: „Мамино дете, две поминаа како луди“
- Детали
- среда, 18 јуни 2025
„Среќен роденден мамино дете“ – напиша Ирина Камилоска на Инстаграм Стори на фотка на која Јосиф седи до помалата сестричка, а околу нив има куп мечиња со роденденски капи и неколку балони.

Првороденото дете на Павле и Ирина Камилоска наполни 2 години.
Јосиф се роди на 18-ти јуни 2023-та година, а една и пол година подоцна, во јануари 2025, тој ја доби сестричката Лена.

Сега, по повод роденденот на синот, Ирина објави Инстаграм Стори, а на фотката се гледа како славеникот и неговата сестричка седат заедно, опкружени со многу мечиња со роденденски капи и балони.
„Среќен роденден мамино дете. 2 години летнаа како луди...“ – напиша гордата мајка.

Во двете бремености, Ирина беше активна и се искачуваше на Водно, а тоа продолжи и откако се родија децата, кои од мали нозе ги учи на спортска активност.
Инаку, таа и со Јосиф и со Лена се породи на ГАК, а за своите фанови го сподели своето искуство.
Прочитајте повеќе: Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две деца, но вреди“
Погледнете повеќе семејни фотки од Ирина и Павле со децата:
М. М. | Црнобело