Се породи Ирина Дишовска - со Павле Камилоски го добија синот Јосиф

„Ваква љубов раѓа 3.450g и 52cm“, напиша на Инстаграм сестрата на Павле, Софка Камилоска, која објави фотка од среќните родители кои се бакнуваат преку прозорец по породувањето на Ирина.

se-porodi-irina-dishovska-so-pavle-kamiloski-go-dobija-sinot-josif-01.jpg

Планинарката Ирина Дишовска и пејачот Павле Камилоски станаа родители. Ирина денес (18 јуни) го роди нивното прво дете, синот Јосиф.

„Ваква љубов раѓа 3.450g и 52cm“, напиша на Инстаграм сестрата на Павле, Софка Камилоска, која објави фотка од среќните родители кои се бакнуваат преку прозорец по породувањето на Ирина.

se-porodi-irina-dishovska-so-pavle-kamiloski-go-dobija-sinot-josif-02.jpg

Ирина еден ден пред породувањето на Инстаграм Стори објави видео на кое рече дека иако до последно пешачи и спортува, бебето како да не сака да се роди.

Павле, пак, со фотографија која е направена на денот на неговата свадба, а на која е со својот татко, го прослави раѓањето на Јосиф. Пејачот напиша емотивна порака за да му се заблагодари на татка си, но и на Ирина што му роди син.

„Во име на твојата сила што нè сплотува, твојот шарм што сите нè обединува, македонското топло срце, во име на сè што сум јас и сè што ќе биде тој!

Во име на денот на таткото, нека биде наш, мој, твој. Камилоски Јосиф, добре дојде тато!

Ти благодарам хероина моја, Ирина Дишо“, напиша пејачот.

Парот претходно направи забава за откривање на полот на бебето, и заедно со своите гости дозна дека чекаат момченце. Брзо пред породувањето, открија дека на бебето ќе му го дадат името Јосиф.

Пејачот и планинарката се венчаа на 24.02.2023, а направија голема свадба со многу гости.

По свадбата Ирина за CRNOBELO.com откри дека најубав момент ѝ бил кога ги прогласиле за маж и жена пред Бога, а потоа и кога Павле ѝ отпеал неколку песни пред гостите.

Ирина, која е планинарка, не се откажа од својата страст ни во текот на бременоста. Таа скоро до пред породувањето планинареше и вежбаше активно, па објавуваше фотки и видеа на социјалните мрежи.

Прочитајте и Интензивни тренинзи, високи потпетици: Ирина Дишовска ужива во 8-иот месец од бременоста (видео)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава