Мала хероина! Ќерката на Христина Пан ѕвонеше силно на победничкото ѕвонче на Детската клиника и си замина дома

„Господе фала ти! Сите деца од тука да излезат вака и дај Боже ниту едно дете да не треба да влезе на овие врати“, напиша Христина, чија ќерка (3) по две години борба со Neuroblastoma Metastaticum, ја победи болеста.

mala-heroina-kjerkata-na-hristina-pan-dzvoneshe-silno-na-pobednichkoto-dzvonche-na-detskata-klinika-i-si-zamina-doma-01.jpg

Христина Младенов, позната ако Христина Пан на Инстаграм, е мајка на три девојчиња, близначките Тара и Хана и помалата Калија.

Христина и нејзиниот сопруг Петар, откако поминаа неколку години во борбата со неплодност и во јули 2022-ра добија близнаци, брзо пред првиот роденден на девојчињата дознаа дека Тара е болна и дека мора да прима хемотерапија.

На Тара ѝ беше дијагностицирана Neuroblastoma Metastaticum, поради што се лекуваше во Скопје, во Љубљана и Истанбул.

И иако веќе подолго време таа е добра, по цели две години борба со болеста, Тара денес заѕвони на победничкото ѕвонче на Детската клиника во Скопје, како симболична порака дека ја победила болеста.

mala-heroina-kjerkata-na-hristina-pan-dzvoneshe-silno-na-pobednichkoto-dzvonche-na-detskata-klinika-i-si-zamina-doma-05.jpg

Христина објави видео од емотивниот момент со силна порака:

„Мојата хероина, мојата гордост најголема, мојата најголема животна лекција... После цели две години борба по болници еве ја тука и таа...

Нека ѕвони најсилно ѕвончето денес!

Господе фала ти! Сите деца од тука да излезат вака и дај Боже ниту едно дете да не треба да влезе на овие врати!

mala-heroina-kjerkata-na-hristina-pan-dzvoneshe-silno-na-pobednichkoto-dzvonche-na-detskata-klinika-i-si-zamina-doma-03.jpg

Огромно благодарам до целиот медицински тим што ја лечеше Тара цело ова време.

На сите роднини и пријатели кои беа и останаа цело време со нас - со вас сѐ беше полесно.

Фала ви на сите тука што сте на овој профил и што ми дававте ненормална сила, поддршка, не знаете колку ми значи.

Господ да нè чува сите, ве сакаме!“

Кликнете на видеото за да го погледнете:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
„Позитивен хаос“ - Христина Пан и сопругот на прв одмор со 3-те ќерки, една година откако Тара заѕво... „Калија изеде пола песок, со Тара мораше некој нон-стоп да биде во вода или да г...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава