„Позитивен хаос“ - Христина Пан и сопругот на прв одмор со 3-те ќерки, една година откако Тара заѕвони во Детската клиника
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
„Калија изеде пола песок, со Тара мораше некој нон-стоп да биде во вода или да го бара чичкото со крофни, Хана се шеташе низ сите лежалки и си собираше топки и лопатки...“, споделува Христина Пан за слаткиот хаос на првиот одмор со 3 деца и вика дека пожелно би било со вас да си земете баба/дедо како што направиле и тие.

Христина и Петар Младенов се родители за 3 деца, но и херои од реалноста. По борбата со неплодноста, тие беа благословени со близначките Хана и Тара, но среќата не траела предолго.
Кај малата Тара на само 8 месеци се појавиле први симптоми на рак, а оттогаш почнала тешка битка – прво за соодветна дијагноза, а потоа и за лекување на нивната малечка.

Денес, Тара е одлично... Таа е весело 3-годишно девојче и ужива во детството со близначката Хана, но и помалата сестра Калија, која се роди во 2025-та година.
Сега, парот со трите ќерки беше на одмор во Грција.

Тие се посреќни од кога било, сепак искрено откриваат дека одморот со 3 деца е навистина забавен, но и предизвикувачки на моменти.
Инаку на коментар од една следбеничка:
„Пример сте ми за храброст и сила.... Мислам лани беше ѕвонењето на ѕвончето“.
Христина сподели:
„Да, помина точно една година. Фала ти многу!“

Ова е прв одмор со 3 деца на Христина и Петар и на темата како си поминале, Христина сподели:
„Барајте помош плус баба и дедо ако сте во можност... инаку за сосема сами и мене би ми било страв.
Зависи и од возраста на децата, кај нас беше нон-стоп лудница. Калија изеде пола песок, со Тара мораше некој нон-стоп да биде во вода или да го бара чичкото со крофни, Хана се шеташе низ сите лежалки и си собираше топки и лопатки.