Кристина Димитри во прегратка на мистериозен маж - Му го крие ликот, навестува дека има (нов) дечко
- Детали
- петок, 20 јуни 2025
Димитри повторно го крие ликот на мажот чии раце се околу нејзината половина, па оттука и дилемата на Инстаграм-следбениците дали станува збор за нова љубов или се смирила со стариот дечко, за кого велеше дека ѝ е голема љубов.

Кристина Димитри, која пред неколку месеци откри дека раскинала со дечкото од Србија, а чиј лик го криеше за цело време додека беа во врска, сега на Инстаграм објави фотографија во прегратка на мистериозен маж.

Таа стои пред него, облечена во бело, а на фотката направена во огледало, се гледа шише со шампањ и неколку чаши.

Димитри повторно го крие ликот на мажот чии раце се околу нејзината половина, па оттука и дилемата на Инстаграм-следбениците дали станува збор за нова љубов или се смирила со стариот дечко, за кого велеше дека ѝ е голема љубов.

Освен оваа, во објавата има уште две фотки - на едната има торта, а на другата букет бели рози.

За потсетување, по разводот од Даниел Кајмакоски, Кристина неколкупати навести дека е во врска, но никогаш не откри јавно со кого.

А. Ј. | Црнобело