Кристина Арнаудова: „Син ми првпат истрча трка на 3 години, ние му купивме пехар без да знае – го викавме Форест“

Кристина Арнаудова објави симпатична фото-споредба од синот Максим (15) кој викендов истрча 10km: „Лево има 3 и пол години, првпат истрча трка со татко му од 1km. Му купувавме пехари за да се почувствува вреден, секако без да знае дека се од нас“.

kristina-arnaudova-sin-mi-prvpat-istrcha-trka-na-3-godini-nie-mu-kupivme-pehar-bez-da-znae-go-vikavme-forest-01.jpg 

Кристина Арнаудова е во брак со Александар Петровски – Сајкал, со кого ги има двата сина Максим и Матео.

Таа не зборува многу за нив во јавност, но одвреме-навреме знае да сподели интересни моменти од нивното растење.

Сега пејачката на Инстаграм Стори објави симпатична фото-споредба од синот Максим (15).

На едната фотографија тој има 3 и пол години и позира по истрчана трка со помош од татко му, а во рака држи пехар.

На десна фотографија, Максим позира на HalkEco трката која се одржа во неделата во Скопје, откако истрчал 10km.

kristina-arnaudova-sin-mi-prvpat-istrcha-trka-na-3-godini-nie-mu-kupivme-pehar-bez-da-znae-go-vikavme-forest-02.jpg

Кристина сподели интересна приказна зад оваа фотографија:

„Овде лево има 3,5 години. Прв пат истрча трка со поддршка од татко му 1км.

Немаше таква возрасна категорија, и секоја година му купувавме ние пехари за да се почувствува вреден и награден за трудот и желбата да трча (секако ова тогаш не го знаеше).

Го викавме Форест“.

За истрчаната трка, Максим сега регуларно си доби диплома, како и медал кој гордо го носи околу врат на фотографијата.

kristina-arnaudova-sin-mi-prvpat-istrcha-trka-na-3-godini-nie-mu-kupivme-pehar-bez-da-znae-go-vikavme-forest-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Кристина Арнаудова со исповед: „Ми рече дека веќе сум стара - не знам дали беше педофил, но тогаш му... „Опседнатоста со тоа да сме совршени и да им се допаднеме на сите е најголемата ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава