Maja Кикириткова за CRNOBELO: „Зошто веќе 3 години секој ден го започнувам со мача?“
Многу луѓе ќе ме прашаат, како ја пиеш, нели ти има вкус на земја?
Сѐ зависи како ќе се приготви и каква мача ќе се користи.

Кај нас на пазарот има многу врсти на мача, што не значи дека секоја е добра.
Најдобрата мача има интензивно зелена боја, а повеќето се со зелено-кафеава боја и имаат многу различен вкус од таа со интензивно зелена боја.

Обожавам да ја пијам наутро, во вид на мача лате. Највкусна ми е со овесно млеко.
Кафето сосема го исфрлив од употреба и една мача дневно ми ја заменува потребата за кафе.
Не е дека не сакам кафе, го обожавам мирисот и вкусот, но почна да ми прави аритмија и морав да го исфрлам.

Мачата највкусна ми е дома. Најубава мача, а да не е дома приготвена, имам пиено во Братислава.
Сум пробала во повеќе локали низ Скопје, па можам да кажам дека Рутина и Липа имаат добра мача, но не е како таа која јас сама ќе ја направам“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
